array(1) { ["url"]=> string(5) "news/" }
22.06.2024 Започна со работа новиот објект на Фармахем на „Шар Планина“ 20

Големо задоволство ни е да соопштиме за нашето просторно проширување на нова локација. Новиот објект од 2.100 m2 за Лабораторијата за животна средина, Сервисот за медицинска опрема и Магацинот се наоѓа на ул. „Шар Планина“ 20. Дирекцијата со комерцијалните сектори и секторот за еколошки консалтинг се и натаму на поранешната локација на Кичевска

повеќе

20.05.2024 Новитети за громобраните на Indelec и сознанија од мерењата на звучната изолација на објекти во Македонија презентирани на Меѓународната конференција GREDIT 2024

Kонференцијата GREDIT 2024 – GREEN Development, Infrastructure and Technology во рамките на BENA (Балканска еколошка асоцијација) се одржа по 4-ти пат во Скопје, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ со воведен говор на Ректорката, проф. д-р Билјана Ангелова.

повеќе

15.05.2024 Невидливото станува видливо со Zeiss и тимот на Фармахем!

Тимот на Фармахем заедно со Zeiss уште еднаш понуди решенија за научниците ширум светот да го направат невидливото видливо!

повеќе

12.03.2024 ПРИЗНАНИЕ ВО ЗНАК НА БЛАГОДАРНОСТ ЗА ДОЛГОГОДИШНОТО ПАРТНЕРСТВО ПОМЕЃУ ABBOTT И ФАРМАХЕМ

Признанието е доделено на тимот на Фармахем за посветеноста во остварувањето на заедничките цели и за учеството во заедничкото формирање на поздрав свет во кој сите ќе имаат подобар и исполнет живот.

повеќе

25.01.2024 УСПЕШНО ЗАОКРУЖЕНА ПРОГРАМАТА ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА ПРИРОДАТА

Програмата за зачувување на природата, проект поддржан од Владата на Швајцарија, кој се имплементираше во изминатите 12 години од страна на Фармахем, како координатор  на Програмата, зaедно со проектните партнери е успешно заокружен.

повеќе

27.12.2023 ПЕТ ЕДУКАТИВНИ ЦЕНТРИ НИЗ МАКЕДОНИЈА МОДЕРНИЗИРАНИ СО СОВРЕМЕНА ОПРЕМА ИСПОРАЧАНА ОД ФАРМАХЕМ

Во рамки на проектот „Мрежа за искуствено учење", кој го спроведува Македонското еколошко друштво (МЕД) во координација со УНИЦЕФ, беше инсталирана современа опрема од страна на Фармахем во пет едукативни центри: Народна техника - Скопје, НП Галичица, Едукативен центар с. Негрево - Пехчево, ЈНУ Хидробиолошки завод - Охрид и Ботаничка градина - Институт за биологија, ПМФ-Скопје.

повеќе

18.10.2023 ПРВА МЕТЕОРОЛОШКА СТАНИЦА ВО БЕЛИЧКИОТ РЕГИОН

На 18.10.2023 експертите oд Фармахем заедно со претставниците на Здружението за развој на Белица и со поддршка на МЕД инсталираа метеоролошка станица во Беличкиот регион и со тоа отпочна евидентирањето на вредностите на одделни параметри на воздухот.

повеќе

01.10.2023 ФАРМАХЕМ, ДИЈАГНОСТИКА ФАРМАХЕМ И ФАРМАХЕМ СЕРВИС ПО 15. ПАТ ЗАЕДНИЧКИ СО НОВ ЕЛАН ТРЧАА НА СКОПСКИОТ МАРАТОН

Фармахем како тим традиционално секоја година учествува на Скопскиот маратон, а годинава со рекордни 40 учесници. 

повеќе

15.09.2023 ФАРМАХЕМ - ДЕЛ ОД ПРЕСТИЖНИОТ КЛУБ НА ОДГОВОРНИ БИЗНИСИ ВО МАКЕДОНИЈА

Како предводник во општественото одговорно работење, ФАРМАХЕМ ја има честа да биде дел возобновениот „Клуб на одговорни бизниси“, иницијатива посветена на поттикнување на одржливост и етички вредности во деловната заедница.

повеќе

26.06.2023 Нови видео упатства од Фармахем за корисниците на Agilent OpenLab CDS 2.6.

OpenLab CDS претставува хроматографски дата систем кој обезбедува продуктивност, искористливост и дата интегритет. Преку овој софтвер, Вие како корисник можете целосно да го контролирате вашиот Agilent хроматограф без разлика дали е тој течен (LC), гасен (GC), течно масен (LC/MS) или гасено масен (GC/MS).

повеќе

18.10.2022 Резултатите од Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија (ПЗП) презентирани на 6ти Конгрес на еколозите со меѓународно учество

Шестиот Конгрес на еколозите со меѓународно учество, се одржа во Охрид од 15–18 октомври 2022, во организација на Македонско еколошко друштво (МЕД).

повеќе

10.10.2022 Фармахем зема учество на XI Конференција за медицински и ароматични растенија во државите во Југоисточна Европа

XI Конференција за медицински и ароматични растенија во државите во југоисточна Eвропа што се одржа во х. Гранит во Охрид од 6-10.10.2022, oрганизирана од страна на Комисијата за медицински и ароматични растенија од државите во Југоисточна Европа.

повеќе

26.05.2022 ФАРМАХЕМ СЕ ЗАКИТИ СО УШТЕ ЕДНО ПРЕСТИЖНО ПРИЗНАНИЕ ЗА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

Фармахем е една од ретките мали и средни претпријатија која што е континуирано наградувана од 2008 година, кога почнаа да се доделуваат Националните награди за ООП и има освоено призанија во сите пет категории: етичко управување, однос кон вработените, односи на пазарот, вложување во заедницата и однос кон животната средина.

Фармахем за 2021 година го освои признанието во категоријата „вложување во заедницата“ за проектот „Со мали чекори до подобро утре!“.

повеќе

15.05.2022 ФАРМАХЕМ ГО ОДБЕЛЕЖА 15 МАЈ - МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА СЕМЕЈСТВОТО

Меѓународниот ден на семејството - 15 Мај, овој пат го одбележавме дружејќи се со семејствата на вработените со кои го уредувавме дворот на Едукативниот центар за зачувување на природата во с. Негрево, но и шетавме по патеката на Петко до локалитетот Јудови Ливади.

повеќе

13.01.2022 ЈУБИЛЕЈ - 25 ГОДИНИ ДИЈАГНОСТИКА ФАРМАХЕМ

Првата приватна биохемиска лабораторија во Македонија - ДИЈАГНОСТИКА ФАРМАХЕМ - одбележа јубилеј, 25 години од постоењето.

повеќе

14.12.2021 МАЛЕШЕВО ПРОГЛАСЕНО ЗА ЗАШТИТЕНО ПОДРАЧЈЕ – ЗАШТИТЕН ПРЕДЕЛ

Со одлука на Владата на Република С. Македонија, дел од Малешево станува заштитено подрачје во категорија V - заштитен предел.

повеќе

01.10.2020 ФАРМАХЕМ ОДБЕЛЕЖА ЈУБИЛЕЈ - 30 ГОДИШНИНА ОД ПОСТОЕЊЕТО

На 1 октомври 2020 година, Фармахем одбележа значаен јубилеј, 30 годишнина од постоењето. По тој повод, секој вработен во Фармахем, Фармахем Сервис и ПЗУ Дијагностика Фармахем засади дрво во заедничка активност во Спортско-рекреативниот центар „Сарај“. 30 засадени дрвја се јавори во чест на 30 годишнинината, а останатите се нарекуваат популарно „golden rain за златна иднина! Вкупно беа засадени 75 дрвја во чест на 75-годишнината од раѓањето на основачот на Фармахем, директорот д-р Јосиф Таневски.

повеќе

09.07.2020 НОВА ПОНУДА НА ТЕСТОВИ ЗА ДЕТЕКЦИЈА НА COVID-19 ОДОБРЕНИ ОД FDA

Фармахем го збогати своето портфолио со тестови за детектирање на COVID-19 одобрени од FDA.

Во понудата имаме PCR тестови и серолошки тестови.

повеќе

25.12.2019 ФАРМАХЕМ - ЛИДЕР НА ПОЛЕТО НА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ НА ПРЕТПРИЈАТИАТА ВО РСМ

Во декември 2019, Фармахем се здоби со три нови признанија за општествена одговорност со што уште еднаш ја потврди својата континуирана заложба за општествено одговорно и одржливо управување.

повеќе

24.12.2019 „МЕДЕНА ЗЕМЈА“ ОФИЦИЈАЛНО СО ДВЕ НОМИНАЦИИ ЗА ОСКАР

Од денес и официјално, документарниот филм „Медена земја“ (Honeyland) е помеѓу петте номинирани филмови за престижната награда Оскар во категориите „најдобар документарен филм“ и „најдобар филм од неанглиско говорно подрачје“. Документарниот филм „Медена земја“ е реализиран како дел од Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија  проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), координиран од „Фармахем“, а воедно е поддржан и од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.  

повеќе

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk