16.10.2026 Поглед подалеку од видливото со микроскопите од ZEISS

Во октомври во просториите на Фармахем се одржаа специјализирани настани посветени на најновите решенија на ZEISS Life Sciences Solutions во областа на микроскопијата.
Во текот на двата дена, преку две тематски целини, беа претставени можностите и значењето на микроскопијата во различни истражувачки и професионални контексти.

Преку темата „Микроскопите во биомедицинските науки“, учесниците имаа можност да се запознаат со современите технологии и нивната примена во биомедицинските истражувања, анализите и подоброто разбирање на биолошките системи.

Следниот ден, фокусот беше ставен на „Микроскопите во индустријата“, каде беа презентирани напредни технологии за контрола на квалитетот, анализа на материјалите и оптимизација на производствените процеси.

Особена вредност на двата настани дадоа практичните работилници што следеа по предавањата, во чии рамки беа изложени неколку ZEISS микроскопи. Учесниците не само што имаа можност одблиску да се запознаат со перформансите на микроскопите, туку и да ги анализираат сопствените примероци што ги донесоа, добивајки практични сознанија и одговори на конкретни предизвици од нивната секојдневна работа.

Особено нè радува големиот интерес и присуството на околу 60 учесници од различни факултети и институти, истражувачки институции и индустрискиот сектор кои имаа прилика практично да се запознаат со современите микроскопски решенија и да дискутираат за нивната улога во унапредувањето на науката и индустријата. Ваквите средби ја потврдуваат важноста на поврзувањето на науката, технологијата и практичната примена.

Голема благодарност до сите предавачи, партнери и учесници кои придонесоа за успешна реализација на настаните, а особено до колегите од ZEISS за споделеното знаење и експертиза.

Заедно продолжуваме да создаваме можности за учење, размена на знаење и технолошки напредок.

.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Назад до новости

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk