Фармахем - Лабораторија за животна средина

Следејќи ги новите европски трендови во областа на заштитата и унапредувањето на животната средина и согледувајќи ја потребата од континуирано и реално следење на состојбата со животната средина во Репубика Македонија, а сè со цел Република Македонија да се приближи до европските стандарди во областа за животната средина до 2014 година, Фармахем ја основа Лабораторијата за животна средина во почетокот на 2008 година.

Во 2010 година Фармахем Лабораторијата за животна средина се стекна со Сертификат за акредитација согласно со стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2018.

Во 2014 година во состав на Фармахем Лабораторијата за животна средина се отвара и одделение за калибрација на сила и волумен, со акредитирање на методa за калибрација на преси во градежништво и метод за калибрација на пипети со клип.

Веќе во 2018 година Фармахем Лабораторијата за животна средина го проширува својот опсег на работа преку акредитирање на нови методи, со што денес има 42 акредитирани методи за тестирање и 6 акредитирани методи за калибрација.

ЗОШТО ДА ИЗБЕРЕТЕ УСЛУГИ НА АКРЕДИТИРАНА ЛАБОРАТОРИЈА СПОРЕД ISO/IEC 17025?

Акредитацијата ISO / IEC 17025 е единствениот и најважен стандард за лаборатории за калибрација и тестирање ширум светот. Акредитирани лаборатории согласно на ISO 17025 се лаборатории кои се технички способни и компетентни да обезбедат прецизни и точни податоци за тестирање и калибрација. Акредитацијата е доброволен процес кој е разгледуван и следен од трето тело (Институт за Акредитација на Република Македонија – ИАРМ) и преку кој системот за управување со квалитет на лабораторијата редовно се оценува, со цел да може да се гарантира континуирана техничка компетентност и усогласеност со ISO 17025.

Телата за акредитација на лаборатории го користат стандардот ISO 17025 при оценување на факторите кои се релевантни за способноста на лабораторијата за обезбедување на прецизни, точни податоци за тестирање и калибрација вклучувајќи:

  • следење на мерењата и калибрациите до националните стандарди;
  • техничка компетентност на персоналот кој постојано се надоградува во своите знаења;
  • одржување на високософистицирана опрема која редовно се калибрира во акредитирани лаборатории и сервисира во овластени сервиси;
  • обезбедување на квалитет на податоците од тестирање и калибрација, преку изразување на мерна неодреденост
  • валидност и соодветност на методите за тестирање;
  • соодветно ракување и транспорт на предмети за тестирање;
  • квалитет при земање и тестирање на примероци на терен.

За да се обезбеди континуирана усогласеност, Фармахем Лабораторијата за животна средина е подложена на проценка и проверка, со цел да се утврди дали го задржува потребниот стандард на техничка експертиза. Лабораторијата исто така е обврзана да учествува во редовните програми за тестирање на стручност (PT шеми и меѓулабораториски споредби) како тековна демонстрација на нивната компетентност.

КАКВА КОРИСТ ИМААТ КЛИЕНТИТЕ ОД ОВА?

Акредитацијата според стандардот ISO / IEC 17025 на клиентот му помага да:

  • го минимизира ризикот од добивање неослонливи резултати зошто е сигурен дека избира технички компетентна лабораторија која има воспоставен и потврден систем за квалитет;
  • се избегнуваат скапи повторни тестирања, зошто услугата е целосно извршена од страна на независна, компетентна лабораторија за тестирање и/или калибрација која е оценета од страна на трето лице.

Клиентите кои бараат акредитирана лабораторија според ISO 17025 не треба да бараат надвор од Фармахем Лабораторијата за животна средина. Обучениот персонал на Фармахем Лабораторијата за животна средина излегува во пресрет на барањата на клиентите и обезбедува идеални услови за соработка со цел обезбедување на квалитетни услуги, како тестирање и калибрација, кои ги задоволуваат барањата на клиентите.

Фармахем Лабораторија за животна средина овозможува услуги кои се однесуваат на тестирање на мерни параметри животна средина, како:

  1. Анализа на параметри во површинска и отпадна вода;
  2. Тестирање на штетни материи при емисија од стационарни извори во воздух;
  3. Тестирање на квалитет на амбиентен воздух;
  4. Тестирање на бучава.

Трајната определба – клучот за успехот на ФАРМАХЕМ ЛАБОРАТОРИЈА ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА се темели  врз следниве принципи/начела дадени во ПОЛИТИКАТА ЗА КВАЛИТЕТ 

  • утврдување и спроведување на системот за управување на лабораторијата во согласност со препораките на стандардот МКС ISO/IEC 17025 и законските регулативи, со целосно присвојување и применување од страна на сите членови во Лабораторијата;

  • извршување на услугите во областите на тестирање и калибрација во согласност со Интернационалните стандардни методи за тестирање и калибрација и соодветните технички спецификации;
  • компетентност, непристрасност и доверливост се главна одлика на сите услуги кон клиентот. Tочност и недвосмисленост на резултатите од тестирањето/калибрацијата претставува гаранција за квалитетот на услугата, а се со крајна цел исполнување на потребите и критериумите на клиентот;
  • главна цел и задача на лабораторијата е задоволството на клиентот;
  • постојано усовршување и надградба на методите за тестирање и калибрација, со успешно и оптимално користење на ресурси;
  • континуирано подобрување на ефикасноста и ефективноста на Системот за Управување преку следење на активностите на Лабораторија и промените/ новините во стандардите и правилниците;
  • обучен и стручен тим кој во целост е запознаен со Системот за Управување и целокупната документација која го сочинува, па оттаму е компетентен за извршување на работните задачи професионално и доверливо;
  • контрола на квалитет на услугата која се врши во согласност со стандардот и стандардните методи, а подразбира учество во меѓулабораториски споредувања за потврда на точноста и постојаноста на резултатите;
  • користење на техничка опрема и средства кои во целост ги исполнуваат условите зададени со стандардот, техничките спрецификации и стандардниот метод како и нивна редовна калибрација и сервисирање.

Процедура за управување со рекламации 

 


.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk