15.09.2023 ФАРМАХЕМ - ДЕЛ ОД ПРЕСТИЖНИОТ КЛУБ НА ОДГОВОРНИ БИЗНИСИ ВО МАКЕДОНИЈА

Како предводник во општественото одговорно работење, ФАРМАХЕМ ја има честа да биде дел возобновениот „Клуб на одговорни бизниси“, иницијатива посветена на поттикнување на одржливост и етички вредности во деловната заедница.

ФАРМАХЕМ на 15.09.2023 година ја потпиша заложбата за прифаќање на вредните начела на Клубот на одговорни бизниси на настанот што беше организиран од страна на Здружението „Конект“ и поддржан од Претседателот на Република С. Македонија, г. Стево Пендаровски, УСАИД, Европскиот центар за непрофитно право, Американската Стопанска Комора, Стопанската Комора на северо-западна Македонија и Индиго.

Од самите почетоци, ФАРМАХЕМ во своето работење ги има инкорпорирано концептите за општествено одговорно и одржливо управување. Својата успешност ја гледаме и во вклучувањето на социјалната заедница, грижата за животната средина, вложувањето во вработените, етичкото и транспарентното управување, бидејќи сите тие начела за нас се критериуми без кои воопшто и не може да се оценува успехот и работата на една компанија.

За нашата заложба сведочат бројните општествено одговорните практики и признанија преку кои несебично придонесуваме кон подобрување на севкупните состојби во општеството.

https://www.farmahem.com.mk/opshtestvena_odgovornost

.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Назад до новости

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk