Тимот на Фармахем заедно со Zeiss уште еднаш понуди решенија за научниците ширум светот да го направат невидливото видливо!
Ни беше големо задоволство да ги поддржиме 15-тите Европски дијатомолошки средби во Охрид. Настанот беше одлично организиран со повеќе од 40 презентации и над 70 постери од речиси 140 научници од околу 30 земји од 4 континенти и многу проактивен аудиториум. Покрај сите предавања и интересни дополнителни програми, учесниците имаа можност да микроскопираат на лабораторискиoт микроскоп ZEISS Axioscope 5 и да ги видат дијатомеите од Охридското, Преспанското и Дојранското езеро, како и од реката Вардар и Шар Планина.
Среќни сме што бевме во можност да го поддржиме нивниот интерес за микроскопијата на дијатомеите и воодушевени сме од придонесот на меѓународната научна заедница која работи на примероци и од непристапните предели на Алпите, езерото Тангањика, пустината Сахара, Гренланд, Антарктикот и многу други, обезбедувајќи нови сознанија за биодиверзитетот и еволуцијата на нашата планета.