17.02.2026 ПОСЕТА НА АМБАСАДОРОТ КРИСТОФ ЗОМЕР НА ФАРМАХЕМ

Ни претставуваше огромна чест што Амбасадорот на Швајцарија во Северна Македонија, Н.Е. Кристоф Зомер ја посети дирекцијата на Фармахем. 

Во рамки на посетата, Амбасадорот оствари средба со раководството на компанијата, кое му ги презентираше историјатот, дејноста и активностите од изминатите 35 години постоење. Беа водени дискусии и за двете тековни програми кои секторот за еколошки консалтинг успешно ги спроведува со поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) – Програмата за биолошка разновидност и отпорност на екосистемите и Програмата за управување со пожари на ниво на предел во Западен Балкан. 

Делегацијата на Амбасадата на Швајцарија во Република Северна Македонија, исто така ја посети Лабораторијата за животна средина на Фармахем во новиот објект, проектиран и изграден согласно меѓународните стандарди за ваков тип лабораторија, која во моментов е акредитирана за 45 методи за тестирање и 4 методи за калибрација. 

Тимот на Фармахем одговорен за опрема и инструменти, на присутните им презентираше опрема од реномираните швајцарски брендови Mettler toledo и Novasina за кои Фармахем е официјален застапник во земјава.

.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Назад до новости

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk