13.01.2022 ЈУБИЛЕЈ - 25 ГОДИНИ ДИЈАГНОСТИКА ФАРМАХЕМ

Во јануари 1997 година, замислата на д-р Јосиф Таневски се оствари и беше отворена првата приватна биохемиска лабораторија во Македонија – ДИЈАГНОСТИКА ФАРМАХЕМ – во населбата Ѓорче Петров.

Започнавме со мал тим, со врвна опрема и со голема желба и ентузијазам. Позитивниот став, залагањата и стручноста вродија плод. Во 2005 год. ја отворивме и втората лабораторија во населба Аеродром и бевме поттик за отварање и на сите други лаборатории.

Постоиме 25 години благодарение на квалитетот, стручноста и залагањето на секој вработен, на тимот кој е постојан и кој се грижи за вашето здравје сите овие години.

Ви благодариме за вашата лојалност, тука сме поради вас и остануваме доследни на тоа дека вашето здравје и нашата професионалност ќе останат приматот во годините што следат.

За да ја споделиме радоста за нашиот 25-ти јубилеј, ви нудиме 25% попуст на нашите биохемиски и хематолошки анализи во месец јануари.

Поделената радост и среќа секогаш е двојно поголема!

.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Назад до новости

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk