05.10.2025 35 тркачи на Скопскиот маратон за 35 години Фармахем

На 5 октомври, улиците на Скопје повторно беа исполнети со позитивна енергија, спортски предизвици и многу насмевки.
И оваа година колегите од Фармахем, Дијагностика Фармахем и Фармахем Сервис, заедно со нивните семејства, во голем број трчаа во различни категории и покажаа дека учеството е повеќе од спорт – тоа е симбол на истрајност, издржливост и грижа за здрав живот.

На трката во која сите заслужуваат честитки за своето учество, сакаме да ги истакнеме резултатите на колегата Љубомир Симeоновски кој беше втор на полумаратонот во својата категорија 60–64 години и на машкиот тим во трката на 5 km коjшто се пласираше на 26. место од 201 тим. Среќни сме што во нашиот тим полумаратонци годинава се придружи и новата колешка, Ивана Стефкова.

Сите колеги коишто трчаа полумаратон, како и најдобро пласираните во машка и женска конкуренција во трката на 5 km добија и вредносен ваучер којшто може да го искористат во лабораториите на Дијагностика Фармахем.

Воодушевени сме и инспирирани од победата на македонскиот маратонец Дарио Ивановски. Да продолжиме да трчаме со срце, да чекориме заедно кон нови предизвици и да го живееме маратонот секој ден!

.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Назад до новости

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk