Програмата за зачувување на природата во Македонија е координирана од проектен тим кој се состои од претставници на Швајцарската организација Helvetas Swiss Intercooperation и локалниот партнер од Македонија - Фармахем од Скопје. Искуството и капацитетот на двата партнери покажуваат комплементарности и голем потенцијал за синергија во координацијата на оваа програма.
Програмата за зачувување на природата во Македонија на Швајцарската Агенција за Развој и соработка (SDC) е наменета за поддршка на активности за зачувување на природата и локален развој на Брегалничкиот регион. Програмата поддржува и некои интервенции на национално ниво кои се очекува да имаат влијание врз зачувувањето на биодиверзитетот и природата воопшто. Програмата ќе и помогне на Република Македонија во остварувањето на барањата на NATURA 2000, еден од условите за пристап во ЕУ.
Оваа програма е таканаречена чадор (umbrella), програма која ги обединува сите активности кои се спроведуваат во Брегалничкиот регион и има холистички (целосен, екосистемски) пристап во спроведувањето на активностите за зачувување на природата и одржливиот локален развој. Исто така оваа програма има директна соработка со останатите програми кои се спроведуваат во регионот со цел избегнување на повторувањето/препокривањето на некои активности и заемно користење на добиените резултати, податоци и документи.
Подетални информации за Програмата може да најдете на www.bregalnica-ncp.mk