Програмата за зачувување на природата, проект поддржан од Владата на Швајцарија, кој се имплементираше во изминатите 12 години од страна на Фармахем, како координатор на Програмата, зaедно со проектните партнери е успешно заокружен.
На завршниот настан, со задоволство ги споделивме постигнатите резулатати во рамки на Програмата, кои направија видливи промени во зачувувањето на природата на национално, регионално и на локално ниво, пред голем број претставници на дипломатските претставништва, меѓународни организации, национални и локални институции од државата, како и локалните чинители кои што беа директно вклучни во активностите. Тие имаа можност на иновативен и оригинален начин да ги проследат постигнувањата на Програмата, преку креативни и мултимедијални алатки, како и да ги слушнат искуствата од локалните чинители кои беа директно вклучени во реализацијата на активностите. Како дел од настанот беше презентирано и видео кое ги синтетизира различните компоненти од Програмата. Видеото можете да го погледнете на следниов линк: https://www.youtube.com/watch?v=Q_eS6Rq-QhA
Програмата завршува, но грижата за природата и бериќетот остануваат!