Фармахем како застапник на Abbott во Македонија повеќе од 25 години беше поканет на Бизнис партнер конвенцијата на Abbott со соработниците под мотото „ЗАЕДНО ПОСИЛНИ“ во февруари 2025 година во Истанбул, Турција.
На Конвенцијата зедоа учество извршната директорка на Фармахем, Марјонка Велјановска и менаџерот за продажба во Секторот дијагностика и лекови, Коча Фунду со цел следење на континуираниот напредок во иновациите за подобро здравје преку навремена и точна дијагностика.
Abbott секоја година доставува дијагностички тестови дизајнирани да ја зголемат точноста и подобрат ефикасноста на лабораториите со цел да се испорачаат точни и навремени информации за подобрување на здравјето на луѓето.