array(1) { ["url"]=> string(13) "news/view/133" }

27.12.2023 ПЕТ ЕДУКАТИВНИ ЦЕНТРИ НИЗ МАКЕДОНИЈА МОДЕРНИЗИРАНИ СО СОВРЕМЕНА ОПРЕМА ИСПОРАЧАНА ОД ФАРМАХЕМ

Во рамки на проектот „Мрежа за искуствено учење", кој го спроведува Македонското еколошко друштво (МЕД) во координација со УНИЦЕФ, беше инсталирана современа опрема од страна на Фармахем во пет едукативни центри: Народна техника - Скопје, НП Галичица, Едукативен центар с. Негрево - Пехчево, ЈНУ Хидробиолошки завод - Охрид и Ботаничка градина - Институт за биологија, ПМФ-Скопје.

Дел од опремата со која ќе можат учениците искуствено да учат е:

  • Стерео микроскопи и рутински микроскопи (Carl Zeiss),
  • Термохигрометар (Testo),
  • Луксметар (Testo),
  • Ентомолошки мрежи и чадори,
  • Детектори за лилјаци,
  • Професионални двогледи,
  • Инспекциска камера за змии,
  • Растегнувачи за инсекти,
  • Клешти за прстенување птици и друга теренска опрема.

Се радуваме што со оваа современа опрема учениците и студентите ќе имаат едукативни центри каде што ќе можат да истражуваат со цел да им се зголеми љубовта кон природата и природните науки како нивна идна определба.

.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Назад до новости

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk