Еколошки консалтинг


Една од главните определби на „Фармахем” е заштита и унапредување на животната средина и природата во Македонија и регионот. Поради остварување на главната определба, „Фармахем” на почетокот од своето постоење започнува со развивање на еден нов правец на делување, притоа, нудејќи услуги од областа на еколошкиот консалтинг и оформувајќи Сектор за еколошки консалтинг. Градејќи го своето искуство и реноме врз база на професионално и квалитетно реализирање на клучни проекти „Фармахем” станува прва и водечка компанија во Република Македонија која нуди комплетни консултантски услуги од областа на заштитата и унапредувањето на животната средина и природата. Со цел да се заокружи процесот во понудата на комплетни услуги, Фармахем во почетокот на 2008 година оформи и Лабораторија за животна средина во рамките на Секторот за еколошки консалтинг.

Позитивните оценки што ги имаат добиено нашите проекти од областа на заштитата на животната средина и природата го оправдуваат епитетот „Фармахем - една од водечките фирми од оваа област во Македонија”. Зголемувањето на опсегот на услугите кои ги нуди Секторот за еколошки конслатинг заедно со Лабораторијата за животна средина на „Фармахем” претставува подем кон следењето на европските и светските трендови во областа на заштита на животната средина.

Квалитетот на услугите и задоволните клиенти се нашите најдобри референци.


.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk