Плакета за ООП за 2012 година

Проект: „Фармахемчињата се нашата иднина“

Цел: Фармахем ги вклучува и децата на своите вработени во проектите за општествена одговорност. Целта на овој проект е на децата на вработените да им се овозможи подобро да се запознаат и да се зближат со компанијата во којашто работат нивните родители.

Долгорочна цел е овој проект да премине во традиција и да се организираат и посети на децата од основните училишта од локалната заедница.

Активности: Вработените ја презентираа работата на своите сектори на начин прилагоден на возраста и знаењата на децата, преку вежби и експерименти во кои и самите дечиња имаа можност активно да учествуваат и да поставуваат прашања. Оваа посета се одржа на 27 октомври 2012 година и на неа учествуваа 11 деца.

При посетата на дечињата топло добредојде им посака сопственичката на компанијата по што од страна на вработените им беше објаснет приемот на клиенти/посетители на Фармахем. Потоа продолжија со обиколка на сите сектори во Фармахем (финансии, реагенси и адитиви, магацин, инструменти и опрема, дијагностика и лекови и еколошки консалтинг), Лабораторијата за животна средина и биохемиската лабораторија ПЗУ „Дијагностика Фармахем“. 

Резултати: Децата низ игра, експерименти и едукација на крајот од посетата нацртаа цртежи. Креативната работилница се состоеше во цртање со дрвени боички, темперни или фолмастери на следната тема: “Што  најмногу ви остави впечаток од посетата на Фармахем?” Немаше ограничување во број на цртежи и техники на цртање во кои што можат да творат децата. Цртежите се искористени за илустрирање на календарот, роковникот и новогодишната честитка на Фармахем за 2013 година.

Марјана Шушлевска

Александра Петровска-Горин

Лица одговорни за ООП во Фармахем


.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk