Превенција на рак на дебело црево

Ракот на дебелото црево е трет најчест карцином кај мажите, по ракот на белите дробови и ракот на простата, и втор кај жените, по ракот на дојката. Речиси секој може да добие рак на дебелото црево, но најчесто се јавува на возраст од 50 до 74 години. Како и за секоја друга болест и за оваа, најдобро е кога може да се превенира. Кога зборуваме за превенција и рано откривање на ракот, мислиме и на примарна и секундарна профилакса.

ПРИМАРНА ПРЕВЕНЦИЈА: Начинот на живот е тој што ја прави разликата

Спречувањето на формирање на аденоми (полипи), а со тоа и рак на дебелото црево, е првенствено здрав начин на живот. Урамнотежената исхрана, здравата телесна тежина и физичката активност се покажаа како исклучително важна улога во превенцијата од оваа малигна болест. Постојат претпоставки дека 50-70% од сите случаи на рак на дебелото црево може да се спречат со здрав начин на живот.

ИСХРАНА

Постојат бројни студии кои ја потврдиле блиската поврзаност помеѓу начинот на исхрана и ризикот од развој на рак на дебелото црево. Секојдневната исхрана, богата со растителни влакна, внесена преку овошје и зеленчук, консумирање риба, внесување на минерали како калциум и слично, во секој случај може да го намали ризикот од оваа болест. Има податоци дека на секои дополнителни 10 грама влакна ризикот од рак се намалува за 10%. Од друга страна, исхраната претежно заснована на консумирање црвено месо и месни производи, како и прекумерното внесување алкохол значително го зголемуваат ризикот.

ПРЕКРЕМЕНА ТЕЛЕСНА ТЕЖИНА

Докажано е дека вишокот телесна тежина и маснотија, особено во случаи кога се поврзани со зголемени масни наслаги во пределот на стомакот, го зголемуваат ризикот од рак на дебелото црево. Причините за овој ефект сè уште не се целосно разјаснети. Постојат бројни дебати на оваа тема, кои како потенцијална причина ги наведуваат промените во метаболизмот на мастите и шеќерот, поради акумулацијата на телесните масти, но и за влијанието на различните хормони, како што се инсулинот и стероидните хормони, врз растот на ткивата во тело. Поради оваа причина, многу е важно да се одржува здрава телесна тежина, со што е можно помал процент на масни наслаги во пределот на стомакот.

ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ

Редовната физичка активност позитивно придонесува за спречување на аденоми (полипи) и рак на дебелото црево. Дури и во случаи кога болеста веќе се појавила, физичката активност поволно влијае на понатамошниот развој на болеста. Кога се зборува за малигни тумори на дебелото црево, докажано е дека интензивната физичка активност, која трае 7 или повеќе часа неделно, го намалува ризикот од рак на дебелото црево за 40%.

СЕКУНДАРНА ПРЕВЕНЦИЈА: Превентивни дијагностички прегледи

Секундарната превенција вклучува превентивно тестирање на здрави лица, без присуство на симптоми и знаци на болеста, со цел да се откријат промени (најчесто аденоми, т.е. полипи, кои му претходат на почетокот на ракот) или рак во раните фази.

Целта на секундарната превенција не е само откривање на рак во раните фази на болеста.

Како дел од програмата за рано откривање на ракот, се прават имунохемиски тестови за откривање крв во столицата, кои се брзи и едноставни. Се препорачува и проверка на туморскиот маркер за рак на дебело црево – CA-19-9. Покрај тоа, златен стандард во превентивната дијагноза на оваа болест е целосна колоноскопија. Колоноскопијата овозможува најпрецизно испитување на целата мукозна мембрана на дебелото црево. Покрај прегледот, можно е безболно отстранување на полипите со колоноскопија, па затоа колоноскопијата во многу случаи е дефинитивна терапија. Покрај туморските промени, со прегледот може да се откријат и други цревни заболувања.

Мери Спасовска-Гичева, дипл. биохем.

 

Контакт:

ПЗУ ДИЈАГНОСТИКА ФАРМАХЕМ

тел.: 02/20 31 905, 02/240 33 55

моб.: 071/ 30 60 19

е-пошта: lab@farmahem.com.mk


.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk