Специјалистичко - дијагностичка лабораторија


Дијагностика Фармахем е првата приватна специјалистичко-дијагностичка лабораторија во Македонија, основана во 1997 година.

Стручниот тим и најсовремените инструменти со кои е опремена лабораторијата овозможуваат изработка на голем број биохемиски параметри во строго контролирани услови и висока точност на резултатите. Анализите се изработуваат со мали количини на крв и за многу кратко време.

Материјалот може да се земе и во домашни услови, а консултацијата со специјалист по медицинска биохемија е бесплатна.

Имаме склучено договор со ФЗОМ, а за сите анализи кои не се работат во Република Македонија, "Дијагностика Фармахем" ја застапува најголемата европска лабораторија "PASTEUR CERBA" од Париз во која се изработуваат над 3000 различни анализи. Материјалот за анализа се испраќа еднаш неделно, во специјално пропишани услови, а времето за добивање на резултатите е многу кратко.


Контакт

ПЗУ Дијагностика Фармахем

работно време:
понеделник - петок: 07:30 - 16:30
сабота: 08:00 - 14:00 

e-пошта: lab@farmahem.com.mk

Facebook: DijagnostikaFarmahem

Населба Ѓорче Петров
ул. „Борис Сарафов“ бр. 2/3, Скопје
тел.: 02/ 20 31 905 

Населба Аеродром
бул. ,,Јане Сандански“ бр. 65, Скопје
тел.: 02/ 240 33 53


.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk