Министерството за економија на 26 мај 2022 година ги додели Наградите за најдобрите општествено одговорни практики на македонските претпријатија во 2021 година.
Наградата во 2021 година се доделува за проектите и практиките кои се реализирани во период од две години, од 1-ви јуни 2019 до 1-ви јуни 2021 година, од причина што во 2020 година наградата не беше организирана. Во 2021 година на конкурсот за наградата се пријавија вкупно 19 проекти од 12 македонски претпријатија.
Фармахем е едно од ретките мали и средни претпријатија кое што е континуирано наградувано од 2008 година, кога почнаа да се доделуваат Националните награди за ООП и има освоено призанија во сите пет категории: етичко управување, однос кон вработените, односи на пазарот, вложување во заедницата и однос кон животната средина.
Фармахем за 2021 година го освои признанието во категоријата „вложување во заедницата“ за проектот „Со мали чекори до подобро утре!“.