Проект за ООП за 2012 година

Проект на ФАРМАХЕМ:

„Фармахем го поддржува развојот на образованието и науката на меѓународно, национално и локално ниво”

Проектот е реализиран во пратнерство со: Меѓународна организација за размена на студенти од техничките факултети - ИАЕСТЕ (Неполитичка, независна невладина организација, која остварува контакти со повеќе агенции на ОН, како UNESCO, UNIDO, FAO, ILO и брои 88 земји членки); Здружение на доктори по медицина специјалисти по медицинска биохемија; Сојуз на хемичари и технолози; Македонско еколошко друштво; Машински факултет – Скопје; Економски факултет- Скопје; Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје, ОУ Мирче Ацев.

Цел: Целта на овој проект е да се поддржи образованието и научната мисла во општеството со што ќе се помогне во креирање на кадри кои ќе можат да го движат општеството во правилна насока. Доколку се придонесе во постигнување на оваа цел на сите нивоа (меѓународно, национално и локално), ќе се олесни и забрза развојот на компанијата.

Активности: Проектот вклучува активности за поддршка на образованието и науката на меѓународно, национално и локално ниво при што се опфатени студенти од странство, студенти од Р. Македонија и ученици од основно училиште во Општина Ѓорче Петров каде се наоѓа компанијата, како и поддршка на здруженија на граѓани кои работат на развој на науката.

Резултати: Резултатот од долгогодишната соработка со ИАЕСТЕ Македонија се огледа во реализираните пракси на вкупно 15 практиканти од вкупно 12 земји. Во 2012 година постигнат резултат е реализирана пракса на 1 практикант од Босна и Херцеговина и примена Плакета за долгогодишна и успешна соработка од ИАЕСТЕ Македонија на настан организиран по повод 20 годишнината на ИАЕСТЕ Македонија, во раки на 65тата Годишна Меѓународна Конференција одржана во Скопје.

Марјана Шушлевска

Александра Петровска-Горин

Лица одговорни за ООП во Фармахем


.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk