Автоматскиот имунолошки анализатор ARCHITECT i1000SR ги исполнува високите лабораториски стандарди и го зголемува протокот на анализи во секоја лабораторија, благодарение на флексибилните протоколи вградени во анализаторот и можноста за добивање на STAT резултати. Со 65 позиции за примероци и 25 позиции за реагенси во ладилник, ARCHITECT i1000SR има капацитет за изработка на 100 анализи на час.
ARCHITECT i2000SR е високо продуктивен автоматски имунолошки анализатор кој изработува до 200 анализи на час. Со капацитет од 135 примероци, од кои 35 за приоритетни и 100 за рутински примероци, и со 25 позиции за реагенси во ладилник, ARCHITECT i2000SR дава брзи и точни резултати.