Спектрометрија

Гасно масена хроматографија (GC MS)

Гасно-масени хроматографи со високи перформанси
Гасно-масените хроматографи на Agilent Technologies ја нудат ефикасноста, флексибилноста и издржливоста коишто се задолжителен параметар за најсовремените аналитички лаборатории. Со изборот меѓу GC/Q-TOF,Triple Quadrupole GC/MS и GC/MSD инструментите, можете да бидете сигурни дека ќе го имате соодветното решение за било која анализа, независно од комплексноста на примерокот или специфичноста на анализата.

повеќе

Течно масена хроматографија (LC MS)

Неверојатни карактеристики на течно-масените хроматографи
Можноста за работа со Q-TOF, Single Quadrupole или Triple Quadrupole течен хроматограф спрегнат со масен спектрометар, нуди широка област на апликации во кои инструментите на Agilent Technologies може да најдат своја примена. Долгите години развој на инструментите, искуството со апликации и ефикасното одговарање на потребите на корисниците, овозможија течно-масените хроматографи на Agilent Technologies да бидат најдобриот избор за секоја лабораторија.

повеќе

Индуктивно спрегната плазмасо масен детектор (ICP MS)

Брзи, осетливи и флексибилни анализи на елементи со ICP-MS системите на Agilent Technologies
Иновативната технологија применета во дизајнот на инструментите овозможува неверојатна сензитивност, точност и едноставност за употреба. Моделите 7800 и 7900 овозможуваат голема толеранција на интерференции од матриксот на примерокот, најширок динамичен ранг и најефикасно отстранување на интерференциите. С оова, тие се најдобриот избор за анализи на траги од елементи, дури и во многу комплексни примероци. Моделот 8900, поврзан со масен детектор со троен квадрупол, дава уште поголема прецизност и точност на резултатите од анализите на елементите во траги.

повеќе

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk