ALINITY c е автоматски биохемиски анализатор кој дава брзи и високо-квалитетни резултати, со капацитет на изработка до 1.350 анализи на час. Со 150 позиции за примероци и до 70 позиции за реагенси, како и со интегрираната чип технологија (Na+, K+ и Cl-), овој компактен анализатор ја зголемува продуктивноста на секоја лабораторија
ARCHITECT c4000 е автоматски биохемиски анализатор кој дава брзи и високо-квалитетни резултати, со изработка на 800 анализи на час. Со 100 позиции за примероци, од кои 35 за приоритетни пациенти и до 90 позиции за реагенси во ладилник, како и со интегрираната чип технологија (Na+, K+ и Cl-), овој компактен анализатор ја зголемува продуктивноста на секоја лабораторија.
А15 е компактен и ефикасен автоматски биохемиски анализатор дизајниран за мали лаборатории. Со капацитет за изведување до 150 анализи/час и флексибилност во однос на бројот и позиционирањето на примероците и реагенсите, овој анализатор се приспособува на потребите на секоја лабораторија. Едноставниот графички софтвер и малата потрошувачка на реагенси, го прават анализаторот А15 многу ефикасен инструмент за секоја клиничка лабораторија. Овој анализатор доаѓа во две варијанти: со и без ладилник (за 20 реагенси).
Автоматскиот биохемиски анализатор А25 е отворен систем со можност за изведување на анализи во 5 видови примероци: серум, урина, плазма, полна крв и цереброспинална течност. Развиеното софтверско решение на овој анализатор овозможува програмирање на неограничен број биохемиски и турбидиметриски анализи. Со капацитет од максимум 72 примероци, односно 50 реагенси (од кои 30 во ладилник) и брзина од 240 анализи на час, овој анализатор е идеален за секоја лабораторија со средна големина.
BA200 автоматскиот биохемиски анализатор е дел од новата серија анализатори на Biosystems со целосна LED технологија. Анализаторот нуди максимална флексибилност во однос на позиционирањето на реагенсите и примероците на вкупно 88 позиции во ладилник. Перачот на кивети и динамичната базна линија овозможуваат поголема прецизност и точност на мерењата на ниски концентрации на аналити. Со специјално наменети бар-кодирани реагенси и капацитет за изведување на 200 анализи на час, како и со опционалнииот ISE модул, овој анализатор ја зголемува продуктивноста на секоја лабораторија.
BA 400 е автоматски биохемиски анализатор со мали оперативни трошоци, а голема ефикасност. Со 88 позиции за реагенси во ладилник и 135 позиции за примероци, овој анализатор има капацитет за изработка до 400 фотометриски и турбидиметриски анализи на час. Благодарение на оптичкиот систем базиран на LED технологија, вградениот бар-код читач за реагенси и примероци, компактното софтверско решение и опционалниот ISE модул, овој анализатор ја поедноставува секојдневната лабораториска пракса.