Спектроскопија

Спектрофотометри UV VIS

Напредни спектрофотометриски решенија со одлични перформанси

Моќните и современи UV-Vis спектрофотометри се одличен избор за секаков тип на апликација. Со лампите со долг животен век, прецизната оптика, можностите за мерење на високо заматени примероци, добивате целосно решение коешто може да ги измери и најкомплексните примероци. Од добро познатиот Cary 60, за секојдневни лабораториски анализи, до неверојатниот Cary 8454 со детектор со низа на решетки кој го покрива целото UV-Vis подрачје, молекулската спектроскопија на Agilent Technologies е вистинскиот избор за вашата лабораторија.

повеќе

FTIR

Голема разновидност на FTIR инструменти
Лабораториските FTIR инструменти на Agilent Technologies се одликуваат со недостижна сензитивност и ефикасност за различни видови материјали и истражувачки апликации. Caty 630 овозможува, со едноставна замена на модул, инструментот да го пренамените за друг тип на примерок без други промени на оптичкиот пат.

FTIR „Benchtop“ системи

Компактните и преносните FTIR инструменти на Agilent Technologies се најмалите FTIR инструменти во светот. Нивната сензитивност и ефикасност е еднаква на онаа на лабораториските FTIR инструменти, а предноста им е што се лесно преносливи.

FTIR компактни и преносни системи 

FTIR микроскопијата на Agilent Technologies се одликува со одлична сензитивност на високи резолуции при анализа на полимери, живи клетки во вода, како и хемиски промени во ткивата без потреба од боење.

FTIR микроскопски системи

повеќе

Атомски апсорбери (AAS)

Атомски апсорбери со одлична прецизност и повторливост на резултати
Agilent Technologies е предводник во иновациите кои се појавуваат во атомската апсорпција. Различните модели на атомски апсорбери обезбедуваат нивна примена во голем број на области и апликации. Стандардниот 55B за рутински анализи, напредните 240FS и 280FS за продуктивност блиска на секвенционално ICP, 240Z и 280Z за супериорни перформанси и прецизна корекција на шумот на базната линија и двојниот систем за едновремено работење со графитна и пламена техника, се решенијата со кои Agilent Technologies ги поставува стандардите во атомската апсорпција.

повеќе

Индуктивно спрегната плазма (ICP-OES)

Точни резултати во најкраток можен рок  

Заштедата на потрошено време е една од главните причини зошто секоја фреквентна лабораторија би ја одбрала новата серија на ICP-OES 5800 и 5900 од Agilent Technologies.

Со своите екосистеми на вградени сензори, алгоритми и дијагностика допринесуваат во идентификување на проблемите уште пред  да се случат, зголемување на продуктивноста, намалување на примероци кои треба да се реанализираат.  Со моќниот ICP Expert software се добиваат точни резултати во било кое време.  30% од сервисните повици може да се решат од страна на лабораторискиот персонал со соодветни информации и водич.

Ваквите перформанси даваат предност пред конкуренцијата.

повеќе

Системи за дисолуција

Супериорно фармацевтско истражување и веродостојни и прецизни резултати
Портфолиото на Agilent Technologies во областа на дисолуцијата опфаќа голем број на решенија кои можат да ги задоволат потребите на фармацевтските лаборатории. Со автоматизираниот систем за земање на примероци 850-DS значително се подобрува ефикасноста и репродуцибилноста на процесот на дисолуција. Можноста за директно поврзување со спектрофотометри обезбедува брзи, точни, прецизни и целосно автоматизирани онлајн системи. Можноста за избор на различни апарати, согласно американската и британската фармакопеја,го прават портфолиото на Agilent Technologies вистински избор за сите фармацевтски лаборатории.

повеќе

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk