Хроматографија

Гасна хроматографија

Разделување и детекција на лесно испарливи аналити од интерес
Доколку имате потреба од издржливи инструменти и софтвер подготвен за комплексни истражувања и анализи, гасната хроматографија на Agilent Technologies нуди одлични решенија. Од лабораториски до преносни инструменти, со брзи и прецизни анализи и голем избор на колони, детектори и инјектори, добивате можност за широк опсег на работа и анализа на различни видови на примероци. Со граници на детекција помали од 4,4 fg/mL и повторливост на резултатите помала од 0,3%, добивате сигурност во добиените резултати.

повеќе

Течна хроматографија

Конфигурирајте го сами вашиот течен хроматограф за ефикасни и прецизни резултати
InfinityLab линијата за течна хроматографија нуди инструменти, колони и потрошен материјал за да се задоволат сите потреби за ефикасни и прецизни лабораториски анализи. Различниот избор на модули и можноста за нивна комбинација овозможува примена на овие инструменти во различни индустрии и за различни намени. Изборот за работа со притисок до 1300 бари и повторливост на резултатите помала од 0.25%, се одлична причина да се одлучите за течните хроматографи на Agilent Technologies.

повеќе

Колони и потрошен материјал

Правилниот избор на колони и потрошен материјал можe значително да го подобри работењето на лабораторијата
Портфолиото на колони и потрошен материјал на Agilent Technologies опфаќа голем број на производи компатибилни и со инструментите на останатите производители. Со потрошниот материјал на Agilent Technologies ќе бидете секогаш сигурни дека работите со производи со највисок квалитет, прилагодени во целост на вашите барања и потреби.

Фамилијата на Poroshell 120 колони нуди бенефити од исклучителна ефикасност- поголема брзина и поголема резолуција-за вообичаени HPLC инструменти, како и за UHPLC.

Обезбедуваат брзина и резолуција на под 2 µm колона со многу помалку отпор на системот т.е backpressure, така што се прилагодливи за секаков тип на анализа.

Споредено со традиционалните целосно порозни честички со иста (или слична) големина, честичките Poroshell располагаат со повисока хроматографска ефикасност и овозможуваат брза сепарација со висока резолуција.

повеќе

Agilent OpenLab CDS 2.6 видео упатства

OpenLab CDS претставува хроматографски дата систем кој обезбедува продуктивност, искористливост и дата интегритет. Преку овој софтвер, Вие како корисник можете целосно да го контролирате вашиот Agilent хроматограф без разлика дали е тој течен (LC), гасен (GC), течно масен (LC/MS) или гасено масен (GC/MS).

Вградените алатки со кои располага овој софтвер, обезбедува брза и временски економична анализа, интеграција и издавање на извештај. Од друга страна техничките контроли обезбедуваат квалитетна работа, точна евиденција на сé што е работено и зголемена безбедност на вашите податоци. OpenLab CDS е дизајниран за аналитички лаборатории кои треба да одговараат на највисокото ниво на дата интегритет.

повеќе

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk