Нашите имунохистохемиски производи од производителот DAKO (Agilent Technologies) им овозможуваат на патолошките лаборатории да постигнат висок квалитет на обојувањата, да ја подобрат стандардизацијата и да ја зголемат ефикасноста, што допринесува за зголемена безбедност на пациентите. Стандардизираните протоколи за FLEX RTU антителата, заедно со интегрираните инструменти и софтверските платформи, овозможуваат константни и веродостојни резултати. Нашето имунохистохемиско портфолио е целосно решение со висок фокус на квалитет и поедноставување на работните процеси, како и отстранување на варијациите и минимизирање на евентуалните грешки при боењето.
Палетата на реагенси на DAKO постојано се зголемува и унапредува со нови генерации на внимателно одбрани клинички значајни реагенси и инструменти.