Огласи за вработување
Фармахем ДООЕЛ - Скопје има потреба од сервисер за поправка и одржување на мерни инструменти за аналитички лаборатории.
Работни обврски:
- Сервисирање, дијагностика и поправка на мерни инструменти за аналитички лаборатории;
- Редовно одржување и проверка на исправноста на инструментите;
- Работа со електронскa опрема и делови;
- Детекција и отстранување дефекти;
- Водење основна сервисна евиденција.
Потребни квалификации:
- Средно или високо техничко образование;
- Искуство во сервисирање и поправка на инструменти ќе се смета за предност;
- Способност за самостојна и тимска работа, приспособување на нови и различни задачи, комуникативност, одговорност, мотивираност;
- Прецизност, техничка писменост и аналитичко размислување;
- Подготвеност за учење и усовршување;
- Одлично познавање англиски јазик (пишување и зборување);
- Одлично познавање на Microsoft Office и Internet;
- Поседување Б возачка дозвола и активно возење.
Нудиме:
- Стабилен работен однос и редовна плата;
- Работа во пријатна и професионална средина;
- Можност за напредок и дополнителна обука;
- Контакт со најсовремени технологии од светски реномирани фирми во областа;
- Долгорочна соработка;
Сите заинтересирани кандидати можат да аплицираат со испраќање на CV на farmahem@farmahem.mk .
.......................................................................................................................................................................................................................................................................................................