Огласи за вработување

Сервисер за медицинска опрема

Одржување на медицински инструменти и опрема

Стручен соработник за продажба

Продажба во Секторот Реагенси и Адитиви



ФАРМАХЕМ СЕРВИС - СКОПЈЕ - Скопје има потреба од:

 Сервисер за одржување на медицинскa oпрема и инструменти

Барања за позицијата:

  • средно стручно техничко образование (или сроден факултет електротехнички/машински);
  • минимум 3 години искуство од област на сервисирање;
  • познавање компјутерски технологии, хардвер, инсталирање и конфигурирање софтвер,компјутерски мрежи, електроника;
  • одлично познавање англиски јазик (пишување и зборување);
  • предност ќе имаат кандидати со препораки од претходно работно искуство;
  • желба за учење нови работи, логика и аналитичност во размислувањето, високаорганизираност и прецизност, способност за извршување повеќе работни задачиистовремено, приспособување на нови и различни задачи, одговорност, мотивираност,комуникациски вештини;
  • тимска работа со колегите;
  • поседување Б возачка дозвола и активно возење.

Работни задачи:

Сервисерот ќе ги има следниве задачи:

Работа во просториите на Фармахем Сервис како и посетa на клиентите од биохемиските лаборатории заради одржување и сервисирање инструменти од областа на медицината(хематолошки бројачи, биохемиски анализатори, имунолошки анализатори, гасни анализатори).

Нудиме:

  • атрактивна и динамична работа;
  • можност за надградба на професионален план;
  • одлични услови за работа;
  • можност за брзо напредување во кариерата.

Позицијата е со седиште во Скопје на ул. „Шар Планина“ бр. 20, индустриска зона на Ѓорче Петров.

Работно време од 08:00–16:00 h (понеделник–петок).

Доколку ги исполнувате горенаведените услови и верувате дека сте вистинската личност занаведената работна позиција, испратете ја Вашата биографија на farmahem@farmahem.mk најдоцна до 04.07.2025..

Избраните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошно интервју и проверка на знаењата.



Фармахем ДООЕЛ - Скопје има потреба од:

Стручен соработник за продажба во Секторот Реагенси и Адитиви

Барања за позицијата:

  • Завршено високо образование: Технолошки факултет – прехранбена технологија или слични сродни факултети;
  • Одлично познавање на работа со компјутер (Microsoft Office и Internet);
  • Одлично познавање на Англиски јазик (пишување и зборување);
  • Задолжително претходно работно искуство во продажба на суровини, ензими и адитиви за прехранбена индустрија, минимум 5 години;
  • Познавање на технолошките производствени процеси во прехранбената индустрија;
  • Способност за извршување повеќе работни задачи истовремено, приспособување на нови и различни задачи, желба за учење нови работи, висока организираност, прецизност, логика и аналитичност во размислувањето, комуникативност;
  • Поседување на валидна возачка дозвола Б категорија и активно возење.

Работни задачи:

Стручниот соработник за продажба во Секторот Реагенси и Адитиви ќе ги има следниве задачи:

  • Чести патувања, посети и комуникација со клиенти заради промоција и продажба на производите кои нашата фирма ги застапува;
  • Техничка поддршка во производство каде што се користат производите што ги застапува;
  • Организација на работата околу фирмите за кои ќе биде надлежен: планирање на залиха, следење на залиха и нарачки;
  • Припрема на годишни и месечни планови, како и анализи за остварувањата според тие планови;
  • Вклученост во анализа на нови програми кои се комплементарни со постоечките со цел проширување на работата во рамки на секторот;
  • Подготовка на понуди.

Нудиме:

  • атрактивна и динамична работа;
  • можност за надградба на професионален план;
  • стручни обуки во Македонија и странство;
  • посета на саеми и семинари;
  • одлични услови за работа;
  • можност за напредување во кариерата.

Позицијата е со седиште во Скопје.

Работно време од 08:00–16:00 h (понеделник–петок).

Доколку ги исполнувате горенаведените услови и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете ја Вашата биографија на farmahem@farmahem.mk најдоцна до 01.08.2025.

Избраните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошно интервју и проверка на знаењата.


.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk