Производи

0

99999

9

10

51

52

114

115

139

140

146

147

158

159

 

Цемент

Широка палета на производи за тестирање на цемент

Повеќе

Бетон

Голем избор на опрема и инструменти за тестирање на бетон

Повеќе

Агрегат

Инструменти и опрема за тестирање на агрегати во согласност со Интернационалните стандарди ISO, EN, АSТМ и др.

Повеќе

Асфалт

Најсофистицирана опрема за динамичко тестирање на aсфалти изработени и со полимер битумени

Повеќе

Геомеханика

Врвна опрема за геомеханички испитувања

Повеќе

Раностартувачки громобран

Најефикасниот, најтестираниот и најпознатиот ФУРС (Фаќач со уред за рано стартување)

Повеќе

Опрема за мерење на квалитет на воздух

Квалитетот на воздухот што го дишеме е дефиниран со различни усвоени стандарди и го дефинираат: температурата, релативната влажност, концентрацијата на суспендирани цврсти честички (познати како PM) и нивниот состав, концентрацијата на гасови, како на кислородот, така и на целата палета штетни гасови коишто се присутни во воздухот како на макро, така и на микро локациите.

На полето на следење на квалитетот на воздухот, Фармахем има 15-годишно искуство во набавка на опрема, знаење и експертиза ("know-how") за инсталација, сервис и одржување на системите за следење на квалитетот на воздухот.>

Повеќе за мерните станици, компактните анализатори или референтните узоркувачи, може да погледнете на следниве интернет страници:

Повеќе

Опрема за мерење на квалитет на вода

Фармахем на своите купувачи им нуди комплетна опрема за анализа на вода. Нашата специјализирана понуда содржи напредни аналитички решенија за утврдување на квалитетот на ултрачисти води, води за пиење, површински и индустриски води. Нудиме голем избор на теренски и лабораториски pH- метри, кондуктометри, мерачи на растворен кислород, термометри, фотометри, спектрофотометри, турбидиметри и повеќепараметарски инструменти од програмите на Hanna Instruments, Tintometer и Mettler Toledo.

Повеќе

Опрема за мерење на бучава

За мерење на бучава, нудиме анализатори од програмата на реномираниот англиски производител Cirrus Research,

светски лидер во дизајнирање, производство и снабдување со опрема за мерење на бучава. Со 45-годишно искуство, Cirrus Research континуирано развива нови технологии со кои обезбедува комплетни и едноставни решенија за мониторинг на бучава во работната и животната средина.

Повеќе

Опрема за мерење на емисии

Во индустриските компании е важно постројките да се водат ефикасно и во исто време да се намали загадувањето на животната средина на најниско можно ниво. Анализаторите на издувните гасови ви помагаат за усогласување со законските регулативи за вредностите за емисија, како и за следење и оптимизирање на производните процеси. Од програмата на Testo нудиме соодветен гасен анализатор прилагоден за Вашите специфични потреби.

Повеќе за различните модели на гасни анализатори, може да погледнете на интернет страницата на Testo:

Повеќе

Мерна опрема за контрола на греење, климатизација и вентилација (HVAC)

Германскиот производител Testo долги години ги развива и усовршува инструментите наменети за контрола на греење, климатизација и вентилација и Ви нуди вистинско решение за вашата апликација.

Повеќе

Термовизија

Во следниве области визуелизацијата на температурaта со термографија многу ја олеснува работата:

  • во градежната термографија, термалните камери на Testo Ви овозможуваат да откриете топлински мостови и структурни дефекти;

  • во инженерството, можете да ја користите термографијата за да проверите дали подното греење работи правилно или за недеструктивно откривање на протекувањето;

  • во одржувањето, термалната камера Ви овозможува да видите дефект пред системот комплетно да откаже.

Повеќе

Мерна опрема за мониторинг на температура и влага

Мониторингот на температура и влага е од исклучителна важност во многу области, како на пример:

  • следење на процесот во фармацевтската индустрија;

  • следење на амбиентните услови во објектите;

  • следење на процесите во истражување и развој, лаборатории и болници;

  • следење на условите при транспорт на чувствителни артикли и др.

Од програмата на Testo, Ви нудиме решение за мониторинг на темепратура и влага соодветно на Вашите потреби.

Повеќе

Дата логери

Дата логерите Ви обезбедуваат целосна документација потребна за контрола на квалитетот. Дата логерите од Тesto се издвојуваат благодарение на високото ниво на оперативност, сигурност и безбедност на податоците. Податоците за мерењето не се губат дури и кога батериите се целосно испразнети.

Повеќе

Мониторинг систем TESTO SAVERIS

Testo Saveris централниот автоматски систем може да се употребува секаде каде што се произведуваат и складираат осетливи продукти на температура и влага, на пример во прехранбената индустрија (комори за одржување, замрзнувачи, фрижидери), во помали компании за производство на храна, фурни, месари, или во фармацевтската индустрија (температурно контролирани кабинети, магацини на лекови и т.н.). Мерниот систем може да се користи и во други индустрии за мониторинг на климатизацијата во објектите, како и во магацини, општо во секоја фаза од производството.

Главни предности на системот се:

  • автоматско складирање на податоците;

  • флексибилна комбинација на радио и етернет сонди согласно со потребите на корисникот;

  • лесна инсталација, конфигурација и ракување;

  • висока безбедност на податоците;

  • избор на софтвер согласно со потребите на корисникот;

  • достапни се повеќе опции за аларм, како што се алармот по SMS/e-пошта или реле.

Повеќе

Мониторинг систем со WI-FI дата логери SAVERIS 2

Во музеи, во фармацевтска имдустрија, во прехранбен сектор или во серверски простории, со Wi-Fi логерите Saveris 2, мониторингот и документацијата за температура и влажност станува наједноставна работа.

Предности:

  • едноставност: автоматско мерење на температурата и влажноста со Wi-Fi логери;

  • безбедност: мерните вредности се зачувуваат во логерите и во CLOUDбазиран софтвер;

  • флексибилност: пристап до мерните вредности секаде и во секое време преку компјутер или таблет/паметен телефон;

  • практичност: системот може да се прилагоди на Вашите потреби и да се прошири со дополнителни логери без ограничувања.

Повеќе

Производство

Од „Фармa до Вилушка“, за проверки на самото место или долгорочен мониторинг, од програмата на германскиот производител Testo ви нудуме вистинско решение за вашата апликација:

  • мобилни и стационарни мерења;

  • калибрација на инструментите;

  • голем избор на сонди за сите aпликации.

Повеќе

Супермаркети, ресторани, кетеринг

Од програмата на Testo ви нудиме широка палета на производи за контрола на безбедност на храната во супермаркети, ресторани, кетеринг сервиси и сл.

Повеќе

Ладен синџир

Мерните инструменти од Testo веќе со години се користат по целиот ладен ланец, за контрола на пристигнатите стоки, складирање и за време на транспортот. Големиот избор на термометри, pH-мерни инструменти, дата логери, системи за следење на мерните податоци придонесуваат за обезбедување на безбедност на храната и почитување на законските одредби и норми.

Повеќе

Тестови за проверка на хигиена

Во производството на храна многу е важна информацијата за присуство на микроорганизми, како и органски недостатоци невидливи со голо око. Тестовите за детекција на ATP се карактеризирани со: голема брзина на изведување (за време од неколку секунди), рентабилност и најнизок степен на обука на персоналот за изведување на тестот.

Луминометарот PD 30, од јапонскиот проиводител Kikkoman, e единствен инструмент на пазарот со патентирана технологија на мерење на ATP и AMP, лесен за ракување, наменет за контрола на хигиената како дел од HACCP програмата.

Повеќе

Автоматски пипетори

Повеќе

Електронски пипетори

Повеќе

Макропипетори

Повеќе

Диспензети

Повеќе

Електронски бирети

Повеќе

PCR производи

Повеќе

Волуметриска опрема

Повеќе

Системи за дозирање

Повеќе

Микротитарски плочи

Повеќе

Роботизирано пипетирање

Повеќе

Зачини за месна индустрија

Зачини и адитиви за месна индустрија, изработка на специјални зачински смеси за месни производи во соработка со словенечката компанија VOBO и PRAVA AROMA.

Повеќе

Протеини за млечна индустрија

Високо квалитетни протеини и протеински смеси за стандардизација и производство на млечни производи

Протеини за сирење

Протеини за јогурт и кисело млеко

Протеини за сладолед

Повеќе

Сирило, маја за сирење

Професионално сирило/маја од компанијата DSM, за производство на квалитетно сирење и кашкавал од кравјо, овчо и козјо млеко

Повеќе

Стартер култури за јогурт и кисело млеко

Единствена комбинација од стартер култури за добивање јогурт, кисело млеко и павлака со неодолив вкус - стартер култури Delvo®Fresh

Повеќе

Стартер култури за сирење

За подобар вкус и квалитет на сирењето и кашкавалот - стартер култури Delvo®Cheese

Повеќе

Стартер култури за месни производи

Култури за ферментација и биозаштита на трајни и полутрајни месни производи

Повеќе

Природни бои за прехранбена индустрија

Бои создадени од природата, од компанијата DDW, светски лидер во производство на природни бои и карамел

Природни бои

Храна што бои храна

Природна кафеава NaturBrown™ Ingredients

Карамел боја

Повеќе

Аbbott ARCHITECT c4000

ARCHITECT c4000 е автоматски биохемиски анализатор кој дава брзи и високо-квалитетни резултати, со изработка на 800 анализи на час. Со 100 позиции за примероци, од кои 35 за приоритетни пациенти и до 90 позиции за реагенси во ладилник, како и со интегрираната чип технологија (Na+, K+ и Cl-), овој компактен анализатор ја зголемува продуктивноста на секоја лабораторија.

Повеќе

Аbbott ARCHITECT c8000

Автоматскиот биохемиски анализатор ARCHITECT c8000 има перформанси кои гарантираат брзи, точни и прецизни резултати. Со 215 позиции за примероци, 121 позициja за реагенси во ладилник и интегрирана чип
технологија (Na+, K+ и Cl-), ARCHITECT c8000 има капацитет за изработка на 1200 анализи на час.

Повеќе

Аbbott ARCHITECT i1000SR

Автоматскиот имунолошки анализатор ARCHITECT i1000SR ги исполнува високите лабораториски стандарди и го зголемува протокот на анализи во секоја лабораторија, благодарение на флексибилните протоколи вградени во анализаторот и можноста за добивање на STAT резултати. Со 65 позиции за примероци и 25 позиции за реагенси во ладилник, ARCHITECT i1000SR има капацитет за изработка на 100 анализи на час.

Повеќе

Интегрирани системи Abbott ARCHITECT ci4100

ARCHITECT ci4100 е интегриран систем кој ги обединува перформансите на двата извонредни анализатори, ARCHITECT c4000 и ARCHITECT i1000SR, овозможувајќи им на помалите лаборатории ефикасност и продуктивност како во поголемите лаборатории. Интегрирајќи ги имунолошките и биохемиските тестирања во една платформа, ARCHITECT ci4100 има капацитет за изработка на 900 анализи на час, вклучувајќи 800 биохемиски и 100 имунолошки анализи. Со 180 позиции за примероци, од кои 35 за приоритетни примероци, со 115 позиции за реагенси во ладилник и со интегрираната чип технологија (Na+ , K+ и Cl-), ARCHITECT ci4100 нуди максимално оптимизирање на Вашата лабораторија.

Повеќе

Sysmex XN-350

XN-350 е автоматски хематолошки анализатор од најнова генерација кој дава 5-диференцијална крвна слика вклучувајќи го параметарот IG (незрели гранулоцити) како дополнителен дијагностички параметар на секоја крвна слика. Работи во отворен мод со брзина од 60 анализи на час и примерок од само 25 µL. Има целосно интегрирана процесна единица и LCD екран во боја осетлив на допир со што се овозможува манипулација со анализаторот без надворешен компјутер. Исто така, има модуларен систем со можност за надградба во секое време согласно со потребите на лабораториите, како и можност за приклучување во „on-line“ систем за надворешна контрола на квалитет „SNCS IQAS Online“, акредитиран согласно со ISO/IEC 17043.

Повеќе

Sysmex XN-450

XN-450 е автоматски хематолошки анализатор од најнова генерација кој дава 5-диференцијална крвна слика вклучувајќи го параметарот IG (незрели гранулоцити) како дополнителен дијагностички параметар на секоја крвна слика. Работи во отворен и затворен мод со брзина од 60 анализи на час и примерок од само 25 µL. Има целосно интегрирана процесна единица и LCD екран во боја осетлив на допир, со што се овозможува манипулација со анализаторот без надворешен компјутер. Исто така, има модуларен систем со можност за надградба во секое време согласно со потребите на лабораториите, како и можност за приклучување во „on-line“ систем за надворешна контрола на квалитет „SNCS IQAS Online“, акредитиран согласно со ISO/IEC 17043.

Повеќе

Sysmex XN-550

XN-550 е автоматски хематолошки анализатор од најнова генерација кој дава 5-диференцијална крвна слика вклучувајќи го параметарот IG (незрели гранулоцити), како дополнителен дијагностички параметар на секоја крвна слика. Анализаторот поседува узоркувач (семплер) на кој се ставаат и од кој автоматски се анализираат примероците, со можност за автоматско повторување на анализите при аналитички или технички абнормалности, како и можност за анализа на примероците еден по еден од отворени и затворени епрувети. Работи со брзина од 60 анализи на час и примерок од само 25 µL. Има целосно интегрирана процесна единица и LCD екран во боја осетлив на допир, со што се овозможува манипулација со анализаторот без надворешен компјутер. Исто така, има модуларен систем со можност за надградба во секое време согласно со потребите на лабораториите, како и можност за приклучување во „on-line“ систем за надворешна контрола на квалитет „SNCS IQAS Online“, акредитиран согласно со ISO/IEC 17043.

Повеќе

Sysmex XP-300

XP-300 е автоматски хематолошки анализатор кој дава 3-диференцијална крвна слика со 20 параметри во мод на полна крв и во мод со пре-дилуција. Издвојувањето на неутрофилите како посебна група на бели крвни клетки е од огромно клиничко значење. Работи во отворен мод со брзина од 60 анализи на час и примерок од 50 µL. Поседува LCD екран во боја, вграден термален печатач и бар-код читач со кој се овозможува безбедно, едноставно и брзо вчитување на реагенсите. Има можност за приклучување во „on-line“ систем за надворешна контрола на квалитет „SNCS IQAS On-line“, акредитиран согласно со ISO/IEC 17043.

Повеќе

BioSystems A15

А15 е компактен и ефикасен автоматски биохемиски анализатор дизајниран за мали лаборатории. Со капацитет за изведување до 150 анализи/час и флексибилност во однос на бројот и позиционирањето на примероците и реагенсите, овој анализатор се приспособува на потребите на секоја лабораторија. Едноставниот графички софтвер и малата потрошувачка на реагенси, го прават анализаторот А15 многу ефикасен инструмент за секоја клиничка лабораторија. Овој анализатор доаѓа во две варијанти: со и без ладилник (за 20 реагенси).

Повеќе

BioSystems A25

Автоматскиот биохемиски анализатор А25 е отворен систем со можност за изведување на анализи во 5 видови примероци: серум, урина, плазма, полна крв и цереброспинална течност. Развиеното софтверско решение на овој анализатор овозможува програмирање на неограничен број биохемиски и турбидиметриски анализи. Со капацитет од максимум 72 примероци, односно 50 реагенси (од кои 30 во ладилник) и брзина од 240 анализи на час, овој анализатор е идеален за секоја лабораторија со средна големина.

Повеќе

BioSystems BA 200

BA200 автоматскиот биохемиски анализатор е дел од новата серија анализатори на Biosystems со целосна LED технологија. Анализаторот нуди максимална флексибилност во однос на позиционирањето на реагенсите и примероците на вкупно 88 позиции во ладилник. Перачот на кивети и динамичната базна линија овозможуваат поголема прецизност и точност на мерењата на ниски концентрации на аналити. Со специјално наменети бар-кодирани реагенси и капацитет за изведување на 200 анализи на час, како и со опционалнииот ISE модул, овој анализатор ја зголемува продуктивноста на секоја лабораторија.

Повеќе

BioSystems BA 400

BA 400 е автоматски биохемиски анализатор со мали оперативни трошоци, а голема ефикасност. Со 88 позиции за реагенси во ладилник и 135 позиции за примероци, овој анализатор има капацитет за изработка до 400 фотометриски и турбидиметриски анализи на час. Благодарение на оптичкиот систем базиран на LED технологија, вградениот бар-код читач за реагенси и примероци, компактното софтверско решение и опционалниот ISE модул, овој анализатор ја поедноставува секојдневната лабораториска пракса.

Повеќе

Stat Profile pHOx basic

Stat Profile pHOx basic анализаторот на ацидобазен статус и метаболити поседува сензори кои лесно се заменуваат и оддржуваат, со брзина на анализирање од 46 примероци на час. Мал волумен на примерок од 55 µL. Анализаторот е мал и компактен, лесен за употреба и зафаќа малку простор. Има можност на мерење на pH, pCO2, pO2, SO2, Hb, Hct, како и можност за работа со полна, артериска, венска и капиларна крв. Сите анализатори од серијата pHOx имаат сензори кои лесно се одржуваат и заменуваат, течен кертриџ за калибрација и автоматски контролен кертриџ.

Повеќе

Stat Profile pHOx Plus M

Stat Profile pHOx Plus М претставува идеално решение за лабаратории на коишто им е потребно одредување јонизиран магнезиум. Покрај стандардното тест мени, вклучува и определување на iMg, Glu, Lac, K+, Na+. Овој анализатор има можност за работа со полна, артериска, венска и капиларна крв.

Повеќе

Stat Profile pHOx Plus L

Stat Profile pHOx Plus L е совршен избор за лабораториите коишто своите мерни анализи ги прават од серум или од плазма. Компактен и лесен за ракување, како и останатите анализатори од неговата категорија, Stat Profile pHOx Plus L претставува совршено решение за секоја лабораторија.

Повеќе

Stat Profile Prime Clinical Care System

Stat Profile Prime CCS - револуционерен во својата генерација со употреба на микросензорна картичка во којашто се вклучени сите сензори за мерење на бараните параметри, тој претставува ново достигнување на гасните анализатори. Поседува уникатна технологија со која се превенира запушување на анализаторот од коагулум. За активирање на микросензорната картичка потребни се неполни 45 минути, по што анализаторот е спремен за анализирање. Можност за мерење на pH, рCO2, рO2, SO2, Hct, Na+, K+, Ca++, Cl-, Glu, Lac.

Повеќе

Stat Profile Prime Plus

Најнов во својата генерација, Stat Profile Prime Plus по своите перформанси претставува уникатен анализатор. Со целосно кооксиметриско тест мени кое опфаќа 22 анализи, микросензорна картичка, кертриџ за калибрација одвоен од микросензорната картичка, како и контејнер за отпад кој е интегриран во самиот кертриџ за калибрација, дава брзи и прецизни резултати, редуцирајќи го ризикот од инфекција кај корисникот.

Повеќе

Polycheck – тестови за алергии

Polycheck (бренд на германската компанија BiocheckGmbH)претставува иновативен производ за алерголошки тестовидостапни за секоја лабораторија. Користи технологија на цврстаподлога со што се олеснува тестирањето на повеќе параметри вохуманата и ветеринарната медицина. Со само едно тестирање се добиваат резултати за различни параметри.
Карактеристики:

  • до 30 алергени на еден стрип;
  • само 200 µL серум за сите видови стрипови;
  • инкубација: на собна температура од 18˚C–24˚C;
  • потребно време за добивање резултати: 2,5 часа;
  • до 12 различни стрипови на еден држач;
  • спремни за употреба реагенси;
  • CCD маркер на самиот стрип;
  • најниска гранична вредност на детекција: 0,15kU/L;
  • сензитивност: квантитативен имунотест, 92,3% врз основа на 2058 споредби помеѓуPolycheck и UniCAP;
  • специфичност: IgE од хуманата популација, 93,6% врз основа на 2058 споредби наPolycheck и UniCAP;
  • вкрстена реактивност: моноклонално антитело, нема вкрстена реактивност со IgG,IgM, IgA, IgD;
  • евалуација на резултатите-со помош на BIS и соодветен скенер: анализирањето,чувањето на резултатите и добивањето на извештај во хартиена форма е многуедноставно.

 

Соодветното алерголошко тестирањесо Polycheck може да открие точно кои алергенипредизвикуваат симптоми и со тоа навремено да се направи план како да се одбегнуваат или дасе даде правилен медицински третман. Овој вид тестирање се базира на неинвазивна метода прикоја што пациентот не се изложува директно на алергенот, со што е безбедно и за деца под 6години (не инетрферира на развојот на имунолошкиот систем). Китот е соодветен за секој тип налабораторија и за изведување на тестот потребна е стандардна лабораториска опрема. Неинтерферира со познати антиинфламаторни и антихистамински лекови, не интерферираатхемолиза и ниско липемични серуми, а високо липемични серуми треба да се центрифугираат.

Повеќе

TOSOH

Имунолошкиот анализатор Tosoh AIA-360 е мал, компактен и едноставен за ракување со капацитет од 36 имунолошки тестови за еден час. Во делот на пипетирање на примероците е екипиран со детектор на коагулум којшто овозможува анализите да се изведуваат со дирекно поставување во анализаторот на епруветите во кои е земен примерокот. Анализаторот има вграден бар-код читач којшто овозможува максимално сигурна идентификација на примероците (идентификацијата може да се изведува и со рачно внесување на податоците). Анализаторот има можност за зачувување на 800 резултати. Може да се поврзe во LIS (Лабораториски информациски систем). Првиот резултат се добива за само 20 минути од стартувањето на анализаторот. Тестовите се индивидуално спакувани и при изведување на анализите се користат онолку чашки (тестови) колку ќе се зададат. Калибрацијата е стабилна 90 дена и истата е специфична за серија реагенси.

Испитувани параметри:

  • тироидни: TSH (3G), FT4, FT3, T4, T3, Thyroglobulin;
  • тумор маркери: AFP, CEA, Total PSA, Free PSA, PAP, OVCA (CA 125 like), Sla (CA19-9 like), 27.29 (CA 15-3 like), ß2-Microglobulin, SCC;
  • диабет: C-Peptide, Insulin;
  • функција на бубрези: Cystatin C;
  • метаболизам: HGH, Intact PTH, Whole PTH, Homocysteine, ACTH Osteocalcin;
  • алергии: IgE;
  • анемии: Ferritin;
  • срцеви маркери: Troponin I, BNP, CK-MB, Myoglobin, D-dimer;
  • плодност: HCG, ßHCG, Estradiol, FSH, LH, Progesterone, Prolactin, Testosterone,DHEA-S, SHBG;
  • итни маркери: Troponin I, BNP, CK-MB, Myoglobin, ßHCG, D-dimer.

Повеќе

Дезинфекција на раце и кожа

Брза и ефикасна дезинфекција на раце и кожа

Кожата и рацете се постојано изложени на контакт со различни микроорганизми. Со своето брзо дејство, производите за дезинфекција од Dr. Schumacher се ефикасни против најголемиот број бактерии (вклучувајќи ја и MRSA). Делуваат и против сите обвиени вируси, ротавирусите иноровирусите. Безбедни се за секојдневна употреба. Покрај дезинфекциската улога, средствата содржат и емолиенти за нега на кожата.

Повеќе

Дезинфекција на површини

Одржете ја хигиената на највисоко ниво

 Dr. Schumacher во својата програма има производи за дезинфекција на површини кои се карактеризираат со средства за чистење и дезинфекција со брзо дејство. Секое од нив е направено компатибилно со различни материјали со што средствата наоѓаат примена во секоја област. Имаат бактерицидно (вклучувајќи ја и MRSA) и вируцидно (вклучувајќи ги аденовирусите, ротавирусите и норовирусите) дејство.



Повеќе

Дезинфекција на инструменти

Отстранете ја контаминацијата на медицинските инструменти

Чистотата на медицинските инструменти е од особена важност за заштита од несакани инфекции. Дел од палетата на производи на Dr. Schumacher е специјално создаден за оваа намена. Средствата се формулирани за да можат да бидат компатибилни со различни материјали. Широкиот спектар на средства за оваа намена се одликува со вируцидно и антибактериско дејство. Дел од нив инактивираат вируси, а дел од нив се триензимски средства за отстранување на контаминација од протеини.

Повеќе

Гасна хроматографија

Разделување и детекција на лесно испарливи аналити од интерес
Доколку имате потреба од издржливи инструменти и софтвер подготвен за комплексни истражувања и анализи, гасната хроматографија на Agilent Technologies нуди одлични решенија. Од лабораториски до преносни инструменти, со брзи и прецизни анализи и голем избор на колони, детектори и инјектори, добивате можност за широк опсег на работа и анализа на различни видови на примероци. Со граници на детекција помали од 4,4 fg/mL и повторливост на резултатите помала од 0,3%, добивате сигурност во добиените резултати.

Повеќе

Течна хроматографија

Конфигурирајте го сами вашиот течен хроматограф за ефикасни и прецизни резултати
InfinityLab линијата за течна хроматографија нуди инструменти, колони и потрошен материјал за да се задоволат сите потреби за ефикасни и прецизни лабораториски анализи. Различниот избор на модули и можноста за нивна комбинација овозможува примена на овие инструменти во различни индустрии и за различни намени. Изборот за работа со притисок до 1300 бари и повторливост на резултатите помала од 0.25%, се одлична причина да се одлучите за течните хроматографи на Agilent Technologies.

Повеќе

Колони и потрошен материјал

Правилниот избор на колони и потрошен материјал можe значително да го подобри работењето на лабораторијата
Портфолиото на колони и потрошен материјал на Agilent Technologies опфаќа голем број на производи компатибилни и со инструментите на останатите производители. Со потрошниот материјал на Agilent Technologies ќе бидете секогаш сигурни дека работите со производи со највисок квалитет, прилагодени во целост на вашите барања и потреби.

Повеќе

Спектрофотометри UV VIS

Напредни спектрофотометриски решенија со одлични перформанси

Моќните и современи UV-Vis спектрофотометри се одличен избор за секаков тип на апликација. Со лампите со долг животен век, прецизната оптика, можностите за мерење на високо заматени примероци, добивате целосно решение коешто може да ги измери и најкомплексните примероци. Од добро познатиот Cary 60, за секојдневни лабораториски анализи, до неверојатниот Cary 8454 со детектор со низа на решетки кој го покрива целото UV-Vis подрачје, молекулската спектроскопија на Agilent Technologies е вистинскиот избор за вашата лабораторија.

Повеќе

FTIR

Голема разновидност на FTIR инструменти
Лабораториските FTIR инструменти на Agilent Technologies се одликуваат со недостижна сензитивност и ефикасност за различни видови материјали и истражувачки апликации. Caty 630 овозможува, со едноставна замена на модул, инструментот да го пренамените за друг тип на примерок без други промени на оптичкиот пат.

FTIR „Benchtop“ системи

Компактните и преносните FTIR инструменти на Agilent Technologies се најмалите FTIR инструменти во светот. Нивната сензитивност и ефикасност е еднаква на онаа на лабораториските FTIR инструменти, а предноста им е што се лесно преносливи.

FTIR компактни и преносни системи 

FTIR микроскопијата на Agilent Technologies се одликува со одлична сензитивност на високи резолуции при анализа на полимери, живи клетки во вода, како и хемиски промени во ткивата без потреба од боење.

FTIR микроскопски системи

Повеќе

Атомски апсорбери (AAS)

Атомски апсорбери со одлична прецизност и повторливост на резултати
Agilent Technologies е предводник во иновациите кои се појавуваат во атомската апсорпција. Различните модели на атомски апсорбери обезбедуваат нивна примена во голем број на области и апликации. Стандардниот 55B за рутински анализи, напредните 240FS и 280FS за продуктивност блиска на секвенционално ICP, 240Z и 280Z за супериорни перформанси и прецизна корекција на шумот на базната линија и двојниот систем за едновремено работење со графитна и пламена техника, се решенијата со кои Agilent Technologies ги поставува стандардите во атомската апсорпција.

Повеќе

Индуктивно спрегната плазма (ICP-OES)

Иновации за ефиикасни и брзи анализи
Новата 5110 серија на ICP-OES на Agilent Technologies со дихроичниот спектрален комбинатор овозможува синхронизирано аксијално и радијално мерење на примерокот. Со вертикално поставениот горилник и брзиот VistaChip II CCD детектор, кој работи без гасови, инструментот обезбедува 55% побрза анализа, дури и на комплексни примероци, и 50% помала потрошувачка на аргон без при тоа да ја намали аналитичката точност и прецизност на инструментот. Со ова, инструментот 5110 ICP-OES е најсоодветниот избор доколку имате потреба од брзи, точни, прецизни и повторливи резултати со помали трошоци.

Повеќе

Системи за дисолуција

Супериорно фармацевтско истражување и веродостојни и прецизни резултати
Портфолиото на Agilent Technologies во областа на дисолуцијата опфаќа голем број на решенија кои можат да ги задоволат потребите на фармацевтските лаборатории. Со автоматизираниот систем за земање на примероци 850-DS значително се подобрува ефикасноста и репродуцибилноста на процесот на дисолуција. Можноста за директно поврзување со спектрофотометри обезбедува брзи, точни, прецизни и целосно автоматизирани онлајн системи. Можноста за избор на различни апарати, согласно американската и британската фармакопеја,го прават портфолиото на Agilent Technologies вистински избор за сите фармацевтски лаборатории.

Повеќе

Гасно масена хроматографија (GC MS)

Гасно-масени хроматографи со високи перформанси
Гасно-масените хроматографи на Agilent Technologies ја нудат ефикасноста, флексибилноста и издржливоста коишто се задолжителен параметар за најсовремените аналитички лаборатории. Со изборот меѓу GC/Q-TOF,Triple Quadrupole GC/MS и GC/MSD инструментите, можете да бидете сигурни дека ќе го имате соодветното решение за било која анализа, независно од комплексноста на примерокот или специфичноста на анализата.

Повеќе

Течно масена хроматографија (LC MS)

Неверојатни карактеристики на течно-масените хроматографи
Можноста за работа со Q-TOF, Single Quadrupole или Triple Quadrupole течен хроматограф спрегнат со масен спектрометар, нуди широка област на апликации во кои инструментите на Agilent Technologies може да најдат своја примена. Долгите години развој на инструментите, искуството со апликации и ефикасното одговарање на потребите на корисниците, овозможија течно-масените хроматографи на Agilent Technologies да бидат најдобриот избор за секоја лабораторија.

Повеќе

Индуктивно спрегната плазмасо масен детектор (ICP MS)

Брзи, осетливи и флексибилни анализи на елементи со ICP-MS системите на Agilent Technologies
Иновативната технологија применета во дизајнот на инструментите овозможува неверојатна сензитивност, точност и едноставност за употреба. Моделите 7800 и 7900 овозможуваат голема толеранција на интерференции од матриксот на примерокот, најширок динамичен ранг и најефикасно отстранување на интерференциите. С оова, тие се најдобриот избор за анализи на траги од елементи, дури и во многу комплексни примероци. Моделот 8900, поврзан со масен детектор со троен квадрупол, дава уште поголема прецизност и точност на резултатите од анализите на елементите во траги.

Повеќе

Аналитички ваги

Сигурните резултати започнуваат со прецизно мерење

Прецизната подготовка на примерокот и соодветното ракување со податоците се најважни       

Кога нема место за компромис, кога Ви е потребна највисока прецизност, робусните и лесни за ракување аналитички ваги на Mettler Toledo се совршен избор. Аналитичките ваги имаат широк опсег на резолуција - од 0,005 mg до 0,1 mg и капацитети од 54 g па сè до 500 g, со што го покриваат целото подрачје за аналитичка работа.

Повеќе

Прецизни ваги

Прецизни и робусни ваги за лабораториска и производствена околина

Извонредните перформанси и иновативните технологии за ракување со примероците гарантираат дека Вашите работни задачи ќе бидат извршени ефикасно, без грешка и во согласност со највисоките стандарди и регулативи.

Повеќе

Вакуум системи за земање на крв

Vacutest Kima е италијанска компанија која е специјализирана за производство на вакуум системи за собирање биолошки течности, сертифицирана согласно со стандардите ISO 9001:2012 и ISO 13485:2012. Производството се одвива според најсовремени методи и под постојана контрола на влезниот материјал, производниот процес и квалитетот на готовиот производ. Сите производи имаат CE ознака.

Палета на производи:

  • стерилни епрувети со вакуум изработени од PET, отпорни на надворешни влијанија и затворени со заштитно капаче. Достапни се во различни величини: 13×75 mm,13×100 mm, 16×100 mm, различен волумен и различни адитиви и бои на капачињата;
  • држачи за игли кои се употребуваат како заштита при боцкање;
  • стерилни игли со различни димензии за земање на крв, и тоа иглите се достапни во стандардно пакување (само игла) или прикачени за заштитен држач;
  • стерилни адаптери и сетови за колекција;
  • стерилни епрувети за земање на крв кај новороденчиња или педијатриски пациенти (со или без капиларка);
  • безбеден систем за собирање на урина (контејнери и цевчиња и садови со жлеб за вакуум епрувети);
  • вакуум епрувети и игли за ветеринарна употреба.

Повеќе

NovaTec ELISA тестови

NovaTecImmunodiagnostica GmbH е германска ISO сертифицирана компанија специјализирана запроизводство на ELISA китови којашто нуди широка палета на тестови за следните области:

  • инфективни болести (бактериски, вирусни и паразитски);
  • алергии;
  • хормони;
  • тумор маркери.

Предности:

  • сите тестови имаат CE ознака;
  • се употребуваат стандардизирани методи;
  • во китот се вклучени готови реагенси, спремни за аплицирање, кодирани според боја и означени со бар кодови;
  • содржат IgM пуфер кој спречува интерференција со реума факторот вопримероците;
  • сите ELISA тестови имаат долг рок на употреба (15 месеци од датумот напроизводството) и даваат можност анализите да се изработуваат рачно, но и сокористење на целосно автоматизирани системи

NovaTecImmunodiagnosticaима свои претставништва во над 50 држави во светот и одличноразвиена продажно-дистрибутерска мрежа. Се фокусира на создавање призводи со највисокквалитет и овозможува најсовремена и постојана грижа за корисниците. Китовите подлежат надетална контрола на квалитет и можат да се користат на различни автоматски анализатори.

Повеќе

Индустриски ваги

Ефикасно и сигурно вагање со високо квалитетни мерни платформи за сите индустриски апликации

Робусни и прецизни, подните платформи на Mettler Toledo обезбедуваат:

  • прецизно вагање на товарот и тешките материјали;
  • решенија за безбедно вагање со највисока прецизност во експлозивните зони;
  • мерни ќелии со индикатори во конфигурација соодветна на корисничките потреби.

Повеќе

Калибрирани тегови

Тестирајте ги Вашите ваги

Добрата пракса за вагање е основа на Вашата лабораторија

  • одберете ги Вашите тегови и тестирајте ги Вашите ваги: со широк опсег од 50 µg до 5000 kg, со калибрациски сертификати согласно со стандардот ISO 17025, од највисока класа Е0, па сè до класа М3. Оптимизирајте го Вашиот процес за калибрација!
  • ZeroPlus™ е линија со плус толеранција и доживотна гаранција. Приложете калибрациски сертификат со минусна толеранција и ние ќе Ви го замениме тегот бесплатно!

Повеќе

pH метри и сензори

Сè што Ви е потребно за брзо и прецизно одредување на рН, јони, кондуктивност и растворен кислород 

  • лесни за употреба и интуитивни инструменти со највисока прецизност;
  • едноставни и прецизни мерења за работа во движење и најразлични апликации;
  • високо квалитетни сензори со извонредни перформанси за мерење на рН, кондуктивност, јон-селективни, како и оптички сензори за растворен кислород;
  • сертифицирани раствори за калибрација и верификација на перформансите и за одржување на сензорите.

Повеќе

Титрација

Одредување на концентрација со највисока прецизност и продуктивност

  • широк опсег на титратори коишто ги покриваат сите титрациски апликации;
  • од наједноставни апликации па сè до автоматизирани системи, контролирани од софтверот LabX со заштита на сите податоци, нудиме целосно решение за Вашата лабораторија;
  • одредување вода во цврсти, течни и гасовити примероци со највисока прецизност.

 

Повеќе

Дензитометри

Дигиталните дензитометри мерат густина, специфична густина и други поврзани вредности (alcohol%, Brix°, API степени, Baumé, Plato и др.) со висока прецизност и за кратко време

  • широка палета на преносни и лабораториски дензитометри соодветни за различна апликација;
  • мерењата на терен имаат многу предности: заштедувате време и не се грижите за транспорт на примерокот;
  • лабораториските дензитометри се совршено решение кога се во прашање анализи на течни примероци.

Повеќе

Рефрактометри

Дигиталните рефрактометри се совршено решение за мерење во Brix и детерминација нарефрактивен индекс

  • преносните рефрактометри Ви овозможуваат мерења на примерокот на терен;
  • доколку имате неколку различни примероци за анализа, лабораториските рефрактометри Ви овозможуваат креирање на методи за различни примероци со мерење во различни единици - и сето тоа со само еден клик!

Повеќе

Термална аналитика

Чистота на супстанците, карактеризација на материјалите и софтверска обработка на повеќе техники

  • компактно решение за одредување на точката на топење на различни супстанци – партнер на Sigma Aldrich, најголемиот производител на стандарди во светот;
  • комплетно портфолио за карактеризација на материјали - диференцијално калориметриско скенирање (DSC) почнувајќи од минусни температури со сите транзиции на материјалот, композиција, стабилност и остаток - од лидерот во технологијата за ваги - термогравиметриски анализатор (TGA), до детерминација на термален коефициент на експанзија (ТМА) со нанометриска резолуција!



Повеќе

Медицински микроскопи

Медицински оперативни микроскопи 

Со производите и решенијата за офталмологија, неврохирургија, ОРЛ, стоматологија и онкологија, Carl Zeiss го дава својот придонес во напредокот на медицината и им помага на докторите ширум светот во подобрување на квалитетот на животот на нивните пациенти!

Повеќе

Рутински и индустриски микроскопи

Ергономски дизајнирани микроскопи за секојдневна работа

Независно дали работите патологија, анализа на остатоци од барут, здравствена заштита, репродуктивна медицина, анализа на храна, анализа на траги или форензичка медицина и патологија, секојдневните микроскопирања на вашите примероци можат да добијат значително подобра димензија со рутинските микроскопи на Carl Zeiss.

Повеќе

Научно истражувачки микроскопи

Светлосни микроскопи за научно-истражувачка работа

Различните модели на светлосни микроскопи од портфолиото на Carl Zeiss овозможуваат нивна примена во многу различни области. Научно-истражувачките микроскопи нудат неверојатна моќ на зголемување и со тоа помагаат во мултимодални набљудувања на живите или фиксираните примероци, во развој и анализа на материјалите.

Повеќе

Филтри, SPE, QUECHERS китови

Отстранете го ефектот на матриксот на примерокот за точни и прецизни анализи на компонентите од интерес

Производите на Agilent Technologies за прочистување на примероците можат да ви помогнат во постигнувањето на аналитичките цели. Со големиот избор на мембрански филтри со мембрани од различни материјали, цврсто-фазната екстракција со колони со различни стационарни фази, соодветни на примерокот од интерес, како и познатите QuEChERS китови за прочистување на примероците за апликации за анализа на храна, Agilent Technologies обезбедува сигурност и повторливост на резултатите, како и максимално прочистување дури и на најкомплексните примероци.

Повеќе

Микробранови печки

Најмоќниот и најинтелигентниот систем за дигестија во светот

Доколку имате потреба од микробранова дигестија на примероци со ротор, Ethos UP од Milestone е вистинскиот избор за Вашата лабораторија. Инструментот вклучува преку 300 однапред дефинирани методи за дигестија, како и софтвер кој е лесен и едноставен за употреба.

Milestone UltraWAVE системот е резултат на еволутивниот развој на микробрановата дигестија којшто овозможува работа со уште поголеми притисоци и температури. Овој систем ја дава можноста за работа со различни примероци во еден ист циклус на дигестија со што лабораторијата штеди време и трошоци по анализа.

Повеќе

Центрифуги

Мултифункционални центрифуги за секоја намена

Со големиот избор на ротори коишто програмите на Hettich и Ohaus ги нудат за своите центрифуги,можете во целост да ги покриете потребите на Вашата лабораторија.
https://mec.ohaus.com/en-MEC/Products/Model-Comparison?id=234022

Повеќе

DocUReader 2 Pro

DocUReader 2 Pro е инструмент кој фотометриски одредува хемиски состав на урина. За самата анализа се користат LabStrip U11 Plus стандардни тест траки за урина, при што понудена е опција за мануелно внесување на бојата и бистрината во самиот резултат. На подлогата на која се поставува траката има сензор кој со самото препознавање на траката, автоматски започнува со одбројување време на инкубација, а подоцна и евалуација на реакциите на самата трака. Работи со брзина од 50 анализи на час при нормален начин на работа, до 120 анализи на час при брз начин на работа.

 

Повеќе

LabUReaderPlus 2

LabUReaderPlus 2 е полуавтоматски хемиски уриноанализатор, дизајниран да ги отчитува и евалуира LabStrip U11 Plus тест траките за урина. Работи по принципот на фотометриско одредување на составот на урина. Освен евалуација на реакциите на траката, понудена е опција за мануелно внесување на бојата и бистрината во печатениот резултат. На подлогата на која се поставуваат траките има сензор кој со самото препознавање на траката, автоматски започнува со одбројување на времето на инкубација, а подоцна и евалуација на реакциите на траката. Работи со брзина од 150 анализи на час.

Повеќе

LabUMat 2

LabUMat 2 е целосно автоматизиран хемиски уриноанализатор, кој прецизно евалуира 10 хемиски и 3 физички параметри. Се користат дефинирани LabStrip U11 Plus (GL) тест траки за одредување на следните хемиски параметри:

  • билирубин;
  • уробилиноген;
  • кетони;
  • аскорбинска киселина;
  • глукоза;
  • протеини;
  • pH;
  • еритроцити;
  • леукоцити;
  • нитрити.

Додека, за одредување на бојата, бистрината и специфичната тежина на урината, дизајнирана е посебна единица за евалуација на физичките параметри. Овој инструмент работи со брзина од 240 анализи на час и примерок од 2 mL, со интегриран сензор за детекција на количеството течност.

Повеќе

UriSed 3 Pro

UriSed 3 PRO е нова генерација автоматизирани уриноанализатори коишто овозможуваат детален преглед на седимент во урина. Седиментот се одредува преку комбинација на светлосна и фазно-контрастна микроскопија, што придонесува за подобрување на диференцијацијата на елементите во урината. Овој целосно автоматизиран инструмент работи со брзина од 130 анализи на час и примерок од 2 mL. Можноста за фазно-контрастна микроскопија значително ги подобрува неговите перформанси за детекција на параметри во урината.

Повеќе

UriSed mini

UriSed mini претставува полуавтоматски уриноанализатор за одредување седимент во урина. Со примена на патентирана UriSed технологија овозможена е автоматизација на мануелното микроскопирање. Дизајниран е алгоритам за детекција и дистинкција на 15 различни параметри во урината, со тоа што се достапни и дополнителни подкласи. Работи со брзина од 60 анализи на час и примерок од 0.175 µL. За секоја анализа прави вкупно 15 слики што се аналогни на 400x зголемување при мануелно микроскопирање.

Повеќе

Septoforte® HAND 40

Septoforte® HAND 40 се користи за дезинфекција на раце

Начин на употреба:
9 mL Septoforte® HAND 40 се нанесуваат на влажни раце и се тријат 1 минута.

изглед: бистра течност со карактеристичен мирис;
♦ средство врз база на готов алхохолен раствор за употреба;
♦ запалливо.

Мерки на претпазливост:


Повеќе

Vadelia® San

Vadelia®San се користи за чистење и дезинфекција на раце.

Начин на употреба: Се нанесува мала количина на влажни раце, добро се трие и се плакне со вода.

♦ изглед: средство без боја и мирис;
♦ pH (1%, 20 °C) -7,3;Течен сапун за професионална употреба.

Мерки на претпазливост:


Повеќе

Destral® active

Destral® active е неутрално средство за дезинфекција на секаков вид површини. По дезинфекцијата, не е потребно плакнење.

Начин на употреба: Се распрскува средството на претходно исчистена површина.

Делување: бактерицидно, фунгицидно, туберкулоцидно, вируцидно, ги уништува следниве вируси: HIV, HBV, A/H1N1, HCV, MRSA. Не се апсорбира од површината. НЕ Е ПОТРЕБНО ПЛАКНЕЊЕ. Биоразградливо.

♦ изглед: бистра течност;
♦ pH (1% , 20°C) -7,02. Неутрално средство за дезинфекција.

Мерки на претпазливост:


Повеќе

Septoforte® 30

Septoforte® 30 претставува концентрирано средство за чистење и дезинфекција на сите површини. Може да се користи со распрскување, рециркулација и потопување.

Разредување: За чистење и дезинфекција на површини се користи 2% раствор, се нанесува со сунѓер или крпа и се остава да стои 15 минути. Septoforte® 30 во доза од 2% е активен против следните бактерии: Staphylococcus aureus, Escherichia Coli, Pseudomonas aeruginosa и многу други грам позитивни и грам негативни бактерии, мувли и квасци; противвируси како HIV и HSV.

♦ изглед: бистра течност;
♦ pH (1% , 20°C) -7,8. Неутрално средство за дезинфекција.

Мерки на претпазливост:



Повеќе

Deolit® Star

Deolit® Star се користи за чистење на врати, прозорци, ѕидови, работни маси,паркет, ламинат, плочки и слични површини. Арома на цреша, лаванда, јаболко.

Разредување: Се користи разреден во концентрации од 1:100 до1:200, се нанесува со влажна крпа и се остава да се исуши. Брзо се суши и има пријатна арома.

♦ изглед: бистра течност (со розева,зелена или сина боја) и со пријатна арома;
♦ pH (1%, 20 °C) -7,34. НЕ Е ПОТРЕБНО ПЛАКНЕЊЕ.

Мерки на претпазливост:

Повеќе

Novoril® WC

Novoril® WC се користи за чистење на површини во тоалети, бањи и базени. Се користи на површини коишто се отпорни на киселини.

Разредување: На мали површини се користи концентриран, а за големи површини се користи разреден со вода во однос 1:25 до 1:50.

Начин на употреба: Се нанесува со сунѓер или четка, се остава да делува 5–10 минути и се плакне со вода.

♦ изглед:бистра розова течност;
♦ pH (1%, 20 °C) -1,6. Кисело средство за чистење на површини и тоалети.

Мерки на претпазливост:



Повеќе

Destral® Grill Extra

Destral® Grill Extra се користи за чистење на скари, рерни,т енџериња, тави и комори за пушење. Ги отстранува загорените тврдокорни нечистотии од масти.

Разредување: Се разредува од 1:20 до1:100 во топла вода.

Начин на употреба: Со распрскување се нанесува претходно приготвениот раствор на површината што се чисти. Се остава да делува неколку минути и се плакне темелно со топла вода.

♦ изглед: темно кафеава бистра течност;
♦ pH (1%, 20 °C) -12,7. Базно средство за чистење на загорени масти.

Мерки на претпазливост:



Повеќе

Destral® Des

Destral® Des се користи за чистење и дезинфекција на површини, опрема и подови во прехранбениот сектор.

Разредување: Се разредува од 1:50 до 1:1000 со топла вода.

Начин на употреба: Се користи со пеномат или слични апарати под притисок. Се нанесува пената, се остава да делува 15 минути и потоа темелно се плакне.

♦ изглед: бистра, жолтеникава течност, со мирис на хлор;
♦ pH (1% , 20 °C) -12,1. Базно средство за чистење и дезинфекција со хлор.

Мерки на претпазливост:



Повеќе

Dinoval® Acid

Dinoval® Acid се користи за чистење на возила кои пренесуваат цемент и други градежни матријали. Ги отстранува минералните наслаги од водени пумпи, кули за ладење, базени, плочки и сл.

Разредување: Се разредува со вода од 1:1 до 1:3.

Начин на употреба: За тешки нечистотии се користи неразреден. Се нанесува средството и се остава да делува што подолго, но да не се исуши. На крај се плакне со вода сè додека не се создаде пена.
За редовно одржување концентрацијата треба да биде 10%.

♦ изглед: жолтеникава течност;
♦ pH (1%, 20 °C) -1,3. Специјално кисело средство за чистење на бетон, ‘рѓа и минерални нечистотии.

Мерки на претпазливост:



Повеќе

Novoril® LF

Novoril® LF е ефикасен детeргент за машинско перење на подови.

Разредување: Се разредува со вода од 1:50 до 1:200.

Начин на употреба: Се користи за брзо отстранување нанечистотии (масти и масла) со автоматски машини за чистење. Исто така, има антистатички ефект и после чистењето остава сјаен филм кој не се лизга.
Средството е со пријатна арома.

♦ изглед: бистра црвена течност со пријатна арома;
♦ pH (1%, 20 °C) -1,3. Специјално средство за машинско чистење на подови.

Мерки на претпазливост:

Повеќе

Аbbott ARCHITECT i2000SR

ARCHITECT i2000SR е високо продуктивен автоматски имунолошки анализатор кој изработува до 200 анализи на час. Со капацитет од 135 примероци, од кои 35 за приоритетни и 100 за рутински примероци, и со 25 позиции за реагенси во ладилник, ARCHITECT i2000SR дава брзи и точни резултати.

Повеќе

BioSystems BTS-350

BTS-350 е единствениот полуавтоматски биохемиски анализатор во светот кој функционира нацелосен спектар од LED диоди. Дизајниран за изведување на биохемиски и турбидиметриски анализи, BTS-350 има софистициран и едноставен софтвер, кој овозможува програмирање на 39 различни параметри. Опремен е со HCF (Hard Coated Filters), USB за архивирање и трансферна податоци, како и дополнителна батерија којашто овозможува двочасовна непречена работа.

Повеќе

HistoDream EW

HistoDream EW е робусна и сигурна единица, дизајнирана да биде идеален придружник за калапење на ткива и да одговори на сите барања на операторот.

Повеќе

Лабораториска опрема за млечна индустрија - FUNKE GERBER

Специјализирана лабораториска опрема и инструменти за испитување на млеко и млечни производи од германскиот производител Funke-Gerber.

Повеќе

Лабораториска опрема за пивска индустрија - FUNKE GERBER

За професионалци и домашни производители на пиво. Инструменти и опрема за испитување на пивото во сите чекори на производството. Германски квалитет и прецизност од производителот Funke-Gerber.

Повеќе

Центрифуги

Мултифункционални центрифуги за секоја намена

Со големиот избор на ротори коишто програмaта на Hettich ги нуди за своите центрифуги, можете во целост да ги покриете потребите на Вашата лабораторија.

Повеќе

Diamond Diagnostics SmartLyte

Електролитниот анализатор SmartLyte е целосно автоматизиран систем кој што мери натриум, калиум, хлор, калциум и литиум во јонски облик користејќи технологија на јон селективни електроди (ISE).

Повеќе

Аbbott ARCHITECT i1000SR

Автоматскиот имунолошки анализатор ARCHITECT i1000SR ги исполнува високите лабораториски стандарди и го зголемува протокот на анализи во секоја лабораторија, благодарение на флексибилните протоколи вградени во анализаторот и можноста за добивање на STAT резултати. Со 65 позиции за примероци и 25 позиции за реагенси во ладилник, ARCHITECT i1000SR има капацитет за изработка на 100 анализи на час.

Повеќе

Аbbott ARCHITECT i2000SR

ARCHITECT i2000SR е високо продуктивен автоматски имунолошки анализатор кој изработува до 200 анализи на час. Со капацитет од 135 примероци, од кои 35 за приоритетни и 100 за рутински примероци, и со 25 позиции за реагенси во ладилник, ARCHITECT i2000SR дава брзи и точни резултати.

Повеќе

miRNA microarrays

SurePrint Human miRNA Microarrays обезбедуваат сеопфатно покривање на miRNAs.

Дизајн на пробата и уникатниот метод за обележување, обезбедуваат оптимална сензитивност и специфичност.

Agilent miRNA microarrays имаат најдоследни перформанси во детекција на miRNA, супериорна во однос на qPCR, секвенционирање и други microarray платформи.

Повеќе

CGH & CGH+SNP Microarrays

Agilent Human Genome CGH+SNP Microarray е тест со две бои кој содржи 60-мерни олигонуклеотидни CGH и SNP проби синтетизирани „in-situ“ со помош на SurePrint технологија на печатење. Овозможува симултана детекција на промените на бројот на копиите и неутралните аберации, како што се губење на хетерозиготноста (LOH) и унипарентната дисома (UPD), во еден тест.

Повеќе

Секвенцонирање од нова генерација (NGS)

Agilent Technologies (Multiplicom) е моќен и сигурен актер во молекуларната дијагностика. Нашите производи и решенија ги вклучуваат најновите медицински откритија во хуманата генетика, онкологијата и пренаталниот скрининг. Нудиме широк опсег на молекуларни Next-Generation Sequencing (NGS) решенија.

Повеќе

PCR систем во реално време (Real Time PCR)

AriaMx Real-time PCR систем е целосно интегриран квантитативен PCR систем за амплификација, детекција и анализа на податоците. Инструментот може да има до шест оптички модули и за детекција користи SYBR® Green и EvaGreen бои, како и флуорогени проби, вклучувајќи ги TaqMan пробите.

Повеќе

Антитела

Примарните антитела се наменети за употреба на ткивните пресеци. Поликлоналните антитела доаѓаат како цел серум, Ig фракции, F(ab')2 фрагменти или афинитет изолирани. Моноклоналните антитела најчесто доаѓаат како супернатанти, изолирани од ткивни култури или прочистени од супернатанти од култури. FLEX RTU IR серијата е дизајнирана за инструментот Autostainer Link 48. Коктелите од антителата даваат две обојувања при реакцијата на боење на еден ткивен препарат. Повеќенаменските антитела се концентрирани поликлонални антитела коишто можат да се користат во имунохистохемија, но и во други техники. Секундарните антитела примарно се користат за амплификација на антитело-антиген реакцијата. Контролните реагенси се приспособени како квалитативни негативни контроли за примарните антитела. Сите антитела за имунохистохемија се во течна форма и содржат антимикробно средство.

Повеќе

Лабораториски информациски систем FarmahemLIS

Фармахем ЛИС е локално решение коешто на нашите корисници им овозможува поедноставување на работниот процес, обезбедува сигурност на податоците, елиминација на грешки, но и лесно прилагодување на софтверот кон локалните регулативи (Мој Термин, ФЗОМ).

Функционалности на Фармахем ЛИС:

Подесувања
  • мерни единици;
  • основи на ослободување;
  • ФЗОМ лимити;
  • лаборанти и факсимили;
  • предефинирани забелешки;
  • лекари и установи (ажурирање со Мој Термин);
  • корисници на програмата и привилегиите (ДЗЛП регулатива);
  • групи и видови на анализи, нивно внесување и ажурирање;
  • референтни вредности (прецизно дефинирање по пол и возраст).
Основни операции
  • зачувување резервна копија на податоците (мануелно и автоматски);
  • враќање податоци од претходно снимената резервна копија;
  • архива на активностите на корисниците;
  • пребарување на пациенти и изменување на нивните податоци;
  • поврзување со надворешните апарати;
  • сообразност со Дирекцијата за заштита на лични податоци (ДЗЛП).
Прием на пациенти
  • aвтоматско преземање податоци преку Мој Термин;
  • пребарување за внес на „приватни“ пациенти;
  • ажурирање на податоци за пациент;
  • внесување нов приватен пациент;
  • внесување додатни приватни анализи.
ФЗОМ
  • ЛУ1 и ЛУ2 фактури;
  • генерирање тековни извештаи/пресметки.
Извештаи
  • дневен /периодичен извештај по анализи;
  • неделен/месечен извештај, групиран по недела/месец;
  • извештај за анализи по лекар/установа;
  • извештај за број на анализи по лекар/установа;
  • детален извештај за вредности на резултати по анализа;
  • месечни пресметки за ФЗОМ.
Главен екран за работа
  • филтрирање на податоците, флексибилни услови за пребарување;
  • додавање додатни анализи;
  • квитанција;
  • пресметка;
  • печатење код за преземање  резултати преку интернет;
  • пренос на податоци кон анализатори;
  • преземање  податоци од анализатори.
  • рачно модифицирање на резултати;
  • автоматско и мануелно означување на вредности кои се надвор од означени граници;
  • вчитување предефинирана забелешка;
  • печатење резултат;
  • поставување сервер преку енкриптирана конекција;
  • валидирање/реализација на упат;
  • поставување на Мој Термин;
  • [oпционално] известување на пациент по е-пошта;
  • евиденција по фирми (систематски прегледи).
Направени се интерфејси за следниве анализатори:
  • Biosystems BA200
  • Biosystems BA400
  • Biosystems A15
  • Biosystems A25
  • Sysmex KX21 N
  • Sysmex XP300
  • Sysmex XS1000
  • Kimased Auto 20/60
  • Tosoh AIA-360
  • Mindray BC5000
  • Mindray BC20S/BS30S
  • Mindray BS230
  • Mindray BS240 pro
  • Mindray BS120
  • Mindray BS200/200E

Повеќе

Фармакодијагностички (pharmDx) китови

Нашето pharmDx Solution е сé-во-еден pharmDx кит кој нуди оптимални дијагностички резултати. Точните резултати коишто се добиваат уште првиот пат, овозможуваат одредување на соодветна терапија за секој пациент. Главната цел на pharmDx е персонализираната медицина.

Валидираните китови имаат точна специфичност и сензитивност. Точните резултати кои се добиваат уште при првата анализа, ја намалуваат потребата од повторување на анализите, а воедно го олеснуваат одредувањето на терапијата за секој пациент. Ја подобруваме негата на пациентите благодарение на брзината на изведување на тестовите и намалување на периодот од биопсијата до дијагнозата.

Повеќе

Системи за визуелизација

Нашата линија на системи за визуелизација има решение за речиси секој проблем којшто би можеле да го имате со детекција. EnVision FLEX системите се едноставни, системи за визуелизација во два чекори со висока сензитивност. Тие се базирани на уникатна ензимски-конјугирана полимерна основа, која носи секундарни антитела.

Повеќе

HercepTest кит

HercepTest е семи-квантитативен имунохистохемиски тест за одредување на прекумерната експресија на HER2 протеинот (c-erbB-2 онкопротеин) кај пациенти со канцер на дојка, при рутинската евалуација на ткивата, како и во формалин-фиксирани, парафин-вградени канцерогени ткива од пациенти со аденокарциноми на абдоменот, вклучувајќи го и гастроезофагијалниот јазол. Овој тест не е индикатор за присуство на аденокарцином на абдоменот, туку специфично ја покажува зголемената експресија на HER2 протеинот. HercepTest се препорачува кај оние пациенти за кои се размислува да им се одреди Herceptin-ска терапија.

Повеќе

PD-L1 IHC 22C3 pharmDx кит

PD-L1 IHC 22C3 pharmDx е квалитативен имунохистохемиски тест кој употребува моноклонални Mouse Anti-PD-L1, клон 22C3 антитела, за детектирање на PD-L1 протеинот во формалин-фиксирани, парафин-вградени (FFPE) клетки од канцер на бели дробови (NSCLC) и во меланомски ткива, со употреба на EnVision FLEX системот за визуелизација на Autostainer Link 48. 

NSCLC

Експресијата на PD-L1  протеинот се одредува со употреба на Tumor Proportion Score (TPS), кој претставува процент на живи туморски клетки чии мембрани се целосно или делумно обоени независно од интензитетот. За еден примерок се смета дека има експресија за PD-L1 доколку TPS ≥ 1% и дека има висока експресија доколку TPS ≥ 50%.
PD-L1 IHC 22C3 pharmDx се користи при идентификување на NSCLC пациентите кои треба да подлежат на третман со KEYTRUDA® (pembrolizumab).

Меланом

PD-L1 IHC 22C3 pharmDx може да се користи за одредување на PD-L1 статусот кај пациенти со меланом, за кои треба да се препише терапија.

Китот содржи реагенси потребни за имунохистохемиско обојување (со исклучок на пуфер за перење), контролни препарати со различни степени на експресија на PD-L1 протеинот, како и детално упатство за работа. Китот е специфично подготвен за работа на Autostainer Link 48. Еден кит е доволен за изработка на 50 тестови (50 препарати инкубирани со моноклонални глувчешки-антитела за PD-L1 и 50 препарати инкубирани со соодветната негативна контрола, вкупно 100 препарати).

Повеќе

PD-L1 IHC 28-8 pharmDx кит

PD-L1 IHC 28-8 pharmDx е квалитативен имунохистохемиски тест кој употребува моноклонални Rabbit Anti-PD-L1, клон 28-8 , за детектирање на PD-L1 протеинот во формалин-фиксирани, парафин-вградени (FFPE) несквамозни клетки од канцер на бели дробови (NSCLC) и во сквамозни клетки од канцер на главата и вратот, како и во меланомски ткива, со употреба на EnVision FLEX системот за визуелизација на Autostainer Link 48. 
Експресијата на протеинот PD-L1 е дефинирана како процент на туморски клетки чии мембрани се целосно или делумно обоени, независно од интензитетот, според директивата за интерпретација наведена во упатството за употреба (IFU).

Несквамозен NSCLC

PD-L1 експресијата детектирана во несквамозни NSCLC, со PD-L1 IHC 28-8 pharmDx, може да се поврзе со зголемен процент на преживување на пациентите коишто примаат OPDIVO® (nivolumab).

SCCHN

PD-L1 експресијата детектирана во SCCHN, со PD-L1 IHC 28-8 pharmDx, може да се поврзе со зголемен процент на преживување на пациентите коишто примаат OPDIVO® (nivolumab).

Mеланом

PD-L1 експресијата детектирана во во меланом со PD-L1 IHC 28-8 pharmDx може да се користи кај пациенти при одредувањето на третман со комбинација на OPDIVO® (nivolumab) и YERVOY® (ipilimumab).

Уротелијален карцином (UC)

PD-L1 експресијата детектирана во уротелијален карцином, со PD-L1 IHC 28-8 pharmDx, може да се поврзе со зголемен одговор од OPDIVO® (nivolumab).

PD-L1 IHC 28-8 pharmDx кит

Китот содржи реагенси потребни за имунохистохемиско обојување (со исклучок на пуфер за перење), контролни препарати со различни степени на експресија на PD-L1 протеинот, како и детално упатство за работа. Китот е специфично подготвен за работа на Autostainer Link 48. Еден кит е доволен за изработка на 50 теста (50 препарати инкубирани со моноклонални зајачки-антитела за PD-L1 и 50 препарати инкубирани со соодветната негативна контрола, вкупно 100 препарати).

Повеќе

Останати реагенси

Во нашата имунохистохемиска линија, нудиме и голем спектар на други продукти. Некои од нив вклучуваат: хромогени супстрати, блокатори, пуфери и дилуенти, контра-обојувачи, медиуми за вклопување, протеолитички ензими, Dako пенкала, слајдови и Pascal ленти. Сите овие реагенси се неспецифични, односно може да се користат за повеќе инструменти.

Повеќе

HER2 IQFISH pharmDx кит

HER2 IQFISH pharmDx е in-situ хибридизационен (FISH) тест базиран на новата, брза IQFISH хибридизациона технологија на Dako. IQFISH хибридизациониот пуфер е нетоксичен и овозможува брза хибридизација на ДНК пробата за само 60–120 мин. Благодарение на краткото хибридизационо време, потребни се само 4 часа за изведување на целоснo FISH-обојување, од депарафинизација до вклопување.   

HER2 IQFISH pharmDx е дизајниран за квантитативна детерминација на амплификацијата на HER2 генот во формалин-фиксирани, парафин-вградени (FFPE) ткивни примероци од канцер на дојка и FFPE примероци од пациенти со метастатски гастричен или гастроезофагијален аденокарцином. Амплификацијата на генот се одредува преку односот меѓу бројот на сигналите од хибридизацијата на HER2 генската проба (црвени сигнали) и бројот на сигналите од хибридизацијата на CEN-17 пробата од референтниот хромозом 17 (зелени сигнали).

HER2 IQFISH pharmDx помага во одредување на потребата од примена на Herceptin® третман кај гастрични пациенти и примена на PERJETA™ или KADCYLA™ третман кај пациенти со канцер на дојка. Резултатите од HER2 IQFISH pharmDx  треба да се користат заедно со анализите кои моментално се употребуваат за прогнозирање на пациенти позитивни за канцер на дојка, стадиум II.

HER2 IQFISH pharmDx е целосен систем кој ги содржи сите потребни реагенси за изведување на 20 анализи. Во прилог има и валидирана стандардна процедура и работно упатство.

HercepTest, Herceptin®, PERJETA™ и KADCYLA™ се заштитен знак на Genentech, Inc. и/или F. Hoffmann-La Roche Ltd. Ексклузивната лиценца за HercepTest ја има Dako Denmark A/S.

Повеќе

SureFISH проби

SureFISH DNA пробите се разликуваат од сите останати проби по уникатната технологија на произведување со што се избегнува присуство на повторувачки делови од ДНА и неспецифични сигнали. SureFISH DNA FISH проби се дизајнирани „in silico“ и хемиски синтетизирани со помош на посебна технологија со која се елиминираат ограничувањата коишто ги имаат FISH пробите произведени со технологија на бактериски вештачки хромозом (BAC).

Agilent Technologies има повеќе од 2000 различни SureFISH проби во своето портфолио и постои можност самите лекари да креираат проба според нивните потреби и Agilent ќе ја произведе истата.

 

Повеќе

Смрзнати пресеци

Процедурата на замрзнување и сечење на ткивните пресеци е итна процедура, позната по лошиот морфолошки квалитет на пресеците поради бавното замрзнување. Честопати пресеците немаат задоволителен квалитет за да бидат земени предвид при поставување дијагноза.

Имајќи го ова предвид, Milestone ги развија PrestoCHILL и PRESTO, иновативна линија на инструменти за криокалапење и боење на смрзнати пресеци, за помалку од 10 минути. Смрзнување на калап во PrestoCHILL за помалку од 60 секунди дава рамна површина со идеално позиционирање на примерокот, без кристали на мраз!

 

Повеќе

Преданалитика

Пред-аналитичката линија на Milestone е иновативно и комплетно портфолио на системи и додатоци за транспорт, земање и фиксација на примероците и може критично да влијае на квалитетот на целиот процес во хистолошките лаборатории. Од 2009 година, Milestone нуди линија на системи за вакуумски трансфер за биопримероци, овозможувајќи зачувување на „свежи“ вакуумски запечатени примероци и постојано мониторирање на температурата, како и времето на примероците, од хируршката сала до лабораторијата. Чекорот на фиксација е клучен чекор за обезбедување сигурни имунохистохемиски (IHC) и испитувања за молекуларна биологија. Со TissueSAFE plus и SealSAFE, патолошките лаборатории конечно имаат целосна контрола на процесот на фиксација, која може да се стартува и да се извршува под документирани услови и надгледувана од лабораторискиот персонал. Системите за вакуумирање TissueSAFE plus и SealSAFE се најпосакуваното решение од страна на корисниците, а денеска Milestone може да смета на стотици институти каде што конечно се обезбедени поздрави работни услови. Овие системи овозможуваат елиминација или контрола на изложеноста/волуменот на формалин, канцерогена хемикалија, од хируршки сали и лаборатории.

 

 

Повеќе

Ткивно процесирање

Процедурата за обработка на ткивата, каква што е позната денес, за прв пат беше воведена во 1909 година и оттогаш многу малку е изменета. Денешните барања се различни, како од пациентите, така и од медицинскиот персонал, кои очекуваат нови перформанси и навремени одговори.

Oваа технологија драстично го намалува времето за обработка на примероците, а пациентот добива квалитетна дијагноза за пократко време, намалувајќи го неговиот страв од чекањето на резултатите и кога е неопходно, веднаш да започне со терапија.

Од друга страна, новите ткивни процесори на Milestone ја зголемуваат продуктивноста на лабораторијата или болницата и ги редуцираат севкупните и оперативните трошоци.

Со валидираниот процес без ксилен, процесорите на Milestone стануваат идеален избор за предизвиците со кои се соочуваат модерните патолошки лаборатории.

Ткивниот процесор наречен LOGOS има режим на работа без циклуси за чистење што значи скратено време за ракување и овозможување на непрекинато работење.

Освен тоа, крајното решение наречено Synergy е „сé-во-едно“ систем за обработка и автоматско калапење на ткивата. Овозможува прескокнување на чекорот на рачно калапење со парафин со тоа што од ткивниот процесор LOGOS со Synergy се добиваат касети подготвени за ладење на ладна плоча и за сечење на микротом.

MAGNUS е резултат на 30 годишното искуство на Milestone кое резултира со патентирана хибридна технологија на процесирање. Нуди голема флексибилност за сите ткива и типови на касети и континуирано деноноќно работење. Може да работи без ксилол и ја проверува чистотата на алкохолот пред секој чекор со помош на опционален сенсор.

 

Повеќе

Дигитална патологија

Документација од досиеата на пациентите? Учење? Обука? Објавување на труд? Потреба од правни докази? Сите овие прашања имаат заеднички одговор: обезбедување HD слики /видеа.

Макро/микро дигиталното снимање овозможува брз, точен и репродуцибилен опис, како и создавање на база на податоци за сликите.

Нашиот најдобро продаван дигитален систем, MacroPATH pro-x, за прв пат се појави во 1998 година. Денес, тој нуди широк спектар на персонализирани конфигурации, вклучувајќи ја и можноста за инсталирање на системот на нашата нова линија за преземање на примероци наречена „Workstation“. MacroPATH pro-x може да го документира рачното преземање на примероците при ракување со мали биопсии (40–60 % од примероците). Со најновата достапна дигитална камера, ефикасноста на MacroPATH pro-x е незаменлива, со што го прави преземањето, дури и на многу мал примерок, едноставен и брз чекор.

20 години истражување и развој на дигиталните системи за преземање на примероци, го доведоа MacroPATH pro-x до неговите најдобри перформанси, со можност за прилагодување на потребите на секој клиент.

Истото ниво на експертиза е пренесено на LeanSTATION, првата работна станица за макродигитализација на ситни биопсии.

Фокусот на Milestone на работните станици за преземање на примероци, доведе до дизајнирање на две иновативни работни станици за дигитално документирање на мали биопсии и хируршки процес на дисекција: WorkSTATION и eGROSS.

 

 

Повеќе

Цитологија

Аспирациона биопсија со тенка игла (FNA) е дијагностичка процедура која се користи за испитување на грутки или маси. Откако ќе се обои примерокот на клетки, се испитува под микроскоп. Како што е индицирано во бројни меѓународни студии, методот ROSE има потенцијал да ги подобри стапките на адекватноста на цитологијата со аспирација со тенка игла (FNA).

Брзата евалуација на лице место (ROSE) е услуга која лабораторијата за цитопатологија им ја овозможува на пациентите и на нивните лекари. Предностите на непосредната евалуација на лице место вклучуваат обезбедување на адекватноста на FNA, можност за испитување на примерокот, скратување на должината на постапката, помагање и насочување на биопсијата во реално време.

Процедурата ROSE за биопсија со FNA е временски ограничена процедура која се прави додека пациентите се под седација и додека имаат ендоскопи или големи игли поставени во абдоменот. Како таква, важно е да се соберат и изработат слики со најдобар квалитет што е можно побрзо.

RoseSTATION е решението на Milestone за брзо пристигнување на лице место со стандардизирана работна платформа што ги содржи сите потребни алатки за да се изврши оваа важна дијагностичка задача.

Повеќе

Анализа на површинска и отпадна вода

Лабораторијата врши земање на примероци и физичко-хемиска анализа на отпадна, површинска и подземна вода за голем број на акредитирани и неакредитирани параметри. Во соработка со странските партнерски лаборатории, нудиме и услуги за земање и анализа на параметри коишто не се работат во Р. Македонија.

Барање за тестирање

Повеќе

Реагенси и потрошен материјал

Milestone се стреми кон подобрување на лабораториската средина, преку развој на побезбедни и еколошки реагенси и додатоци. Особено внимание се посветува на развојот на реагенсите, со цел да се елиминира изложеноста на персоналот на токсични агенси, како што се ксиленот и формалдехидот и да се обезбеди подобра лабораториска средина.

 

 

Повеќе

Хематоксилин и еозин (H&E) боење

Dako CoverStainer апаратот нуди врвно H&E решение кое целосно го автоматизира процесот на боење со хематоксилин и еозин. Овој апарат им ја нуди на лабораториите потребната флексибилност, давајќи константни високо-квалитетни резултати, максимизирајќи ја продуктивноста на лабораторијата, како и оптимизирајќи ја потрошувачката на ресурси. Ова е ефикасен, безбеден и точен избор за Н&E. Нашето H&E решение е комбинација од напредниот систем DakoCoverStainer со реагенси спремни за употреба, валидиран, оптимизиран протокол за работа, како и интелигентен, автоматизиран систем за работа со реагенсите (DakoRMS).

Dako CoverSlipper апаратот е мал, компактен и брз инструмент, кој е совршена комбинација од ефикасност и едноставност на дизајн и кој има за цел да ја подобри продуктивноста на лабораторијата. Ова е одлично решение и за мали и за големи лаборатории на кои им се потребни веродостојни и конзистентни резултати при изработката на препарати.

 

 

Повеќе

Имунохистохемија (IHC)

Со користење на оптимизирани реагенси на AutoStainer Link48 со pharmDx (Link) китовите, FLEX антитела подготвени-за-употреба и EnVision FLEX системи за визуелизација се гарантира добивање на оптимални резултати по валидирана метода.

 

Технички карактеристики на DAKO AutoStainer Link48:

  • симултано боење на 48 стакла одеднаш во серија со повеќе различни протоколи за помалку од три часа. Можност за процесирање на 96 стакла за време на еден работен ден со користење на еден Autostainer Link 48 и еден PT Link (инструмент за предтретман на ткивни пресеци) со паралелно процесирање;
  • капацитет од 42 позиции за реагенси и избегнување на можноста за човечка грешка поради бар-кодирани реагенси и стакла;
  • можност за работа преку ноќ со одложен старт;
  • потполна следливост и генерирање на извештаи врз основа на индивидуалните стакла, пациенти, протоколи и реагенси;
  • одвојување на токсичниот отпад на: опасен (hazardous) и растворлив во вода;
  • двонасочно поврзување со LIS (лабораториски информациски систем), можност за читање на оригинални LIS бар-кодови;
  • содржината на налепниците за стаклата e програмабилна и дефинирана од страна на корисникот;
  • поврзување до три инструменти на ист компјутер преку DakoLink софтверот заедно со три PT Link инструменти. 

 

PT Link e едноставен систем за предтретман кој ја оптимизира константноста на обојувањето. Флексибилните опции овозможуваат индивидуална оптимизација на процесот на предтреман. Опцијата за предзагревање на пуферот му овозможува на корисникот да избере температура помеѓу 30 °C и 85 °C. Овој апарат овозможува и однапред да се програмира времето на започнување на третманот. PT Link воедно нуди и опција за невриење, како и предупредување за ниско ниво на течност.

Повеќе

Имунохистохемија (IHC) и ин-ситу хибридизација (ISH)

Dako Omnis е генерација понапред во IHC и ISH. Создаден од лабораториите за лабораториите и развиен со слушање на потребите на патолозите, лабораториските менаџери и лабораториските техничари од целиот свет. Dako Omnis IHC и ISH автоматскиот систем за боење ја гради нашата репутација во испорака на квалитетни реагенси и решенија за боење кои водат до точна дијагностика на канцер.

 

 

Повеќе

Специјални боења

Решението за специјално боење е комбинација од Artisan Link Pro Special Staining System и високо квалитетни китови со специјални бои и потрошен материјал. Artisan Link Pro системот се состои од процесор на стакла, компјутерски систем со екран на допир со DakoLink софтвер и печатач на налепници и извештаи. До три Artisan Link Pro инструменти може да се поврзат во еден систем и да се поврзат со LAN и LIS системите.

 

 

Повеќе

Тестирање на квалитет на амбиентен воздух и емисија од стационарни извори

Емисии од стационарни извори

Фармахем Лабораторија за животна средина претставува една од малубројните акредитирани лаборатории во Р. Македонија  која е овластена да врши ваков вид тестирања во животната средина.

Услуги коишто ги нудиме:

  • одредување на концентрација на вкупна прашина;
  • одредување на концентрација на сулфур диоксид;
  • одредување на концентрација на азотни оксиди;
  • одредување на концентрација на јаглерод моноксид;
  • одредување на концентрација на амонијак;
  • одредување на концентрација на водороден сулфид;
  • одредување на концентрација на гасни флуориди изразени како HF:
  • одредување на концентрација на гасни хлориди изразени како HCl;
  • одредување на концентрација на вкупен органски јаглерод;
  • одредување на концентрација на испарливи органски соединенија;
  • одредување на чаден број;
  • одредување на концентрација на кислород;
  • одредување на концентрација на јаглерод диоксид;
  • мерење на температура на отпаден гас;
  • oдредување на влажност и густина на отпаден гас;
  • мерење на брзина и проток на струење на отпаден гас. 

Лабораторијата е специјализирана за земање на примероци за испитување и на други специфични мерни параметри со партнерски лаборатории од регионот.

 

Квалитет на амбиентен воздух (имисии) 

Фармахем Лабораторија за животна средина реализира услуги за мерења на квалитет на амбиентниот воздух со „state of art“ мерна опрема и висококвалификуван и обучен кадар на територијата на Р. Македонија, но и во регионот.

Услуги коишто ги нудиме:

  • одредување на концентрација на прашина ТЅР, РМ10 и РМ2.5;
  • одредување на концентрација на сулфур диоксид;
  • одредување на концентрација на азотни оксиди, азотен монокид и азотен диоксид;
  • одредување на концентрација на јаглерод моноксид;
  • одредување на концентрација на озон;
  • одредување на концентрација на испарливи органски соединенија;
  • мерење на температура, амбиентен притисок, брзина и правец на ветер.

Лабораторијата е специјализирана за земање на примероци за испитување и на други специфични мерни параметри со партнерски лаборатории од регионот.

Барање за тестирање

Повеќе

Teстирање на ниво на бучава

Фармахем Лабораторија за животна средина нуди услуги за мерења на нивото на бучава и испитување на воздушната звучна изолација.

Услуги коишто ги нудиме:

  • мониторинг на бучава од патен и авионски сообраќај;
  • мониторинг на бучава од индустриски инсталации;
  • одредување на тоналност на бучава во животна средина;
  • одредување на индикатори за ниво на бучава во животна средина;
  • испитување на индекс на звучна изолација при воздушна бучава.

Барање за тестирање

Повеќе

Температураното мапирање

Температураното мапирање е процес на правење записи и мапирање на температурата во тродимензионален простор со цел да се обезбеди тродимензионална униформност на температурната распределба во сите простории каде што има процесна опрема или истите се користат за складирање.

Повеќе

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, П. Фах 39, Тел: +(389 2) 2031 193, Факс: +(389 2) 2031 434, е-пошта: farmahem@farmahem.com.mk