2014 - Мал чекор кон зачувување на природата

back to : "2014 - Мал чекор кон зачувување на природата"

Проект за ООП во 2014 година

Проект: Мал чекор кон зачувување на природата

Цел: Целта на проектот е да се зајакне и подигне свеста на вработените во Фармахем за значењето на зачувувањето и заштитата на биолошката разновидност, како еден од сегментите  на одржливиот развој, за да можат потоа да дејствуваат во областа самостојно или како дел од групи. На знаењата кои би ги стекнале од овие едукативни излети може потоа да извршат своевидна дисеминација и на таков начин дополнително да придонесат кон ширење на идејата за грижа, заштита и одржливо искористување на биолошката разновидност. 

Активности: 

Проектот се состои од следниве главни активности:

  1. Назначување на тим за реализација на проектот;
  2. Дефинирање и организирање на активностите за реализација на проектот;
  3. Запознавање на вработените со програмата;
  4. Реализација на излетот и предавање во природа од страна на колегите биолози;
  5. Подготовка на промотивен материјал - календар за 2015 година. Kалендарот е составен од повеќе ( 13 ) различни фотографии од различни места во Македонија на кои веќе биле одржани вакви и слични излети, а во него влегоа и фотографии од овој излет за месеците ноември и декември. Календарот е насловен „Македонија низ објективот на вработените во ФАРМАХЕМ – успешен тим за 25 години успешен ФАРМАХЕМ“.

Резултати: 

Иако проектот е само еден мал чекор кон остварување на една голема цел – зачувана природа и биодиверзитет во државата, сепак со овој иновативен проект се постигнаа значајни резултати како:

Марјана Шушлевска

Александра Петровска-Горин

Лица одговорни за ООП во Фармахем